Тодор Чаловски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тодор Чаловски e поет, литературен критичар, есеист и преведувач. Роден е на 23 август 1945 година во Гостивар. Основно образование завршил во Галичник, гимназија во Скопје и Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар во весниците „Студентски збор“, „Вечер“ и „Нова Македонија“, во Радио Скопје, како уредник на Културна редакција и на Сектор за култура, литература и уметност, а бил и заменик-одговорен уредник на Радио 2000. Сега работи како уредник-коментатор во Македонското радио. Учествувал во уредувањето на списанијата „Белези“ и „Разгледи“, а бил главен уредник на ревијата на ДПМ „Стожер“. Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник.
[уреди] Литературно творештво
- Ноќ во која те нема (поезија, 1969)
- Ноќен часослов (поезија, 1971)
- Сердарски болести (поезија, 1975)
- Ѕвезда во човека (поезија, 1981)
- Јадро (поезија, 1984)
- Праг (поезија, 1988)
- Маѓосна меѓа (поезија, 1989)
- Прониз (поезија, 1994)
- Дарови (поезија, 1994)
- Галица (поезија, 1996)
- Будна куќа (поезија, 1998)
- Песни (1998)
- Критички видувања (есеи и критики, 1998)
- Глас крепител (поезија, 2000)
[уреди] Награди
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Млад борец“, „Студентски збор“, „Младост“ (Белград), БИД „Мисирков“, „Григор Прличев“ (за препев) и награда за најдобра критика на годината во Македонија.