Трајко Дурчовски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Трајко Дурчовски е македонски уметник и поет.
Роден е во 1943 година во с. Црна Река, кај Гуменџа, во Егејскиот дел на Македонија. Како дете ја доживува судбината на бегалец: заедно со мајката, двајцата браќа и двете сестри, во 1948 година пребегал во Војводина, откако неговиот татко загинал како учесник во Граѓанската војна во Грција. Семејството било разединето и префрлено во Чехословачка. Детството го минал во детските домови во Димокури, Шилхежовице и Нове Хради. По школувањето се вработил во Тжинец, каде оформил свое семејство. Во Тжинец во 1962 година неговото семејство пак се нашло заедно и Трајко започнува да се занимава со уметничко творештво. Негова преокупација се сликите во железо. Во 1974 година преминува во Република Македонија, едно време живее во Дебар, а потоа во Охрид.
Дурчовски е автор на две стихозбирки, а има учествувано на изложби на кои ги претставува своите ликовни дела од железо.
[уреди] Литературно творештво
- Дружба со ветерот
- Мајчина душичка