Учителска школа (Скопје)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Учителска школа била лоцирана во кругот на денешна Општина Центар во Скопје. Oстаток од неа е само порталот како споменик и сведок на минатото.
Содржина |
[уреди] Историја
Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште "Идадија" во близината на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „ислахански парк“.
Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.
Набрзо потоа се трансвормира во гимназија а во 1898 во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така да во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.
Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Kако спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.
На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
Школата за народни учители во Скопје официjално започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.
Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во објектите во дворот на истата.
Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.
[уреди] По земјотресот
По втор пат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веке следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.
Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спечувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.
[уреди] Поврзаност
На 9 април 1909 година турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
[уреди] Надворешни врски
- Потсетување на првите фудбалски збиднувања во нашата земја
- Портата на старата учителска школа ќе се обновува в година
- Наградата ќе донесе општинска зграда или уреден кеј
- Заборавената порта на учителската школа се враќа меѓу скопјани
- Го посеавме чудотворното семе на знаењето
- Општинска зграда ќе се гради со европски пари
- Порталот на Учителска школа ќе добие нова врата, Вест 21.12.2006
[уреди] Интернет Досие: Учителската школа (Скопје) - Хронологија
- Заборавената порта на учителската школа се враќа меѓу скопјани (Вест 10/18/2001)
- Портата од старата учителска школа остана руина (Вест 5/7/2003)
- Ќе се обнови порталот на Учителската школа? (Дневник - 2003/06/10)
- Центар бара пари за Старата чаршија и за градење на стариот Народен театар(Вест 6/11/2003)
- Општина Центар конкурира со пет проекти(Утрински весник 2003/06/19)
- Аларова ќе го враќа сјајот на порталот на Учителската школа(Дневник 2003/06/27)
- Аларова крева врева за нова зграда за Матично (Вест 7/29/2003)
- Објектот на матичната служба пред распаѓање(Утрински весник 2004/04/15)
- Аларова ќе си замине низ обновен портал? (Дневник 2004/04/17)
- ВИ ТЕКНУВА ЛИ: На портата од старата учителска школа (Вест 5/9/2005)
- Го посеавме чудотворното семе на знаењето (Дневник 2005/10/31)
- Реконструкцијата на порталот - догодина (Вечер 2005/10/31)
- Седница на советот на општина центар (иди види 2005/12/07)Недостапно на интернет
- Ќе се ревитализира порталот на некогашната Учителска школа (Утрински 2005/12/09)
- Аларова ќе ја обнови портата на старата учителска школа (Вест 2005/12/09 )
- Порталот ќе се реставрира (Вечер 2005/12/09)
- СО ПАРИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР: Портата на старата учителска школа ќе се обновува в година(Дневник 2005/12/12 )
- Турците ќе го реставрираат порталот на Учителската школа(Вест 2006/06/15)
- За европската улица - европска награда(Вечер Датум: 2006-07-19)
- Ќе се гради нова општинска зграда (Вест 2006/07/20)
- Виолета Аларова ќе гради општинска зграда (Вечер 2006/07/20)
- Со турска помош ќе се обновува порталот на Учителската школа (Утрински весник 2006/07/21)
- Аларова прави нова врата за Учителската школа (Вест 2006/09/26)