Христо Андоновски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Христо Андоновски (1917 - ) е роден во село Цакони, Воденско. Основно училиште на грчки јазик завршил во родното село, гимназија во Воден, а дипломирал на Педагошката академија во Солун. Неколку години работел како учител во Мегленско. Учествувал во Движењето на отпорот од 1941 год. и во Граѓанската војна во Грција, при што бил на високи функции.
По доаѓањето во Република Македонија работи како уредник на програмата на грчки јазик на Радио Скопје, а бил уредник и на весникот „Глас на Егејците“ и на списанието „Македонија“. Во својата историографска работа најголемо внимание им посветува на темите од Егејскиот дел на Македонија.
[уреди] Објавени дела
- „Егејска Македонија“ (1951)
- „Мегленската област во НОБ“ (1961)
- „Македонците под Грција во борбата против фашизмот“ (1968)
- „Дипломатската антимакедонска игра“ (1970)
- „Драмско востание“ (1969)
- „Револуционерот Лазо Трповски“ (1975)
- „Вистината за Егејска Македонија“ (1970)
- „Странците за Македонија и Македонците“ (1978)
- „Јужна Македонија од Античките до денешните Македонци“ (1995)