Хјурон
Од Википедија, слободна енциклопедија
- За истоимениот народ видете Хјурон (народ).
Хјурон е едно од Големите езера. Тоа се граничи на запад со Мичиген, а од исток со покраината Онтарио. Името на езерото му го дале раните француски истражувачи, а е базирано на Хјурон народот кои го населуваат околниот регион.
[уреди] Географија
Езерото Хјурон (45°00”N 83°00”W) е второто најголемо од Големите езера, со површина од 59,600 km², блиску до големината на Западна Вирџинија, правејќи го третото најголемо слатководно езеро на Земјата (четврто, ако се вклучи и соленото Касписко Езеро). Хјурон содржи 3,538 кубни km вода и има бргова линија долга 6,157 km.
Хјурон се наоѓа на 176 m надморска висина. Просечната длабочина на езерото е 59 m, додека максималната е 229 m. Езерото е долго 332 km и широко 245 km.
Поголеми градови на Хјурон се: Сагинау, Мичиген, Беј Сити, Мичиген, Алпена, Мичиген, Шибојган, Мичиген, Сент Игнас, Мичиген, Порт Хјурон, Мичиген, Годерих, Онтарио и Сарнија, Онтарио.
Забележлива атракција на езерото е островот Мантулин, кој ги дели Северниот Канал и Џорџискиот Залив од основната маса на вода на Хјурон.
[уреди] Геологија
Езерото Хјурон е поврзано со езерото Мичиген, кое лежи на иста надморска висина. Протокот Макинак ги прави овие две езера геолошки и хидролошки истата маса на вода. Горното Езеро е значително повисоко од овие две. Тоа се празни од реката Сент Мерис кај Со Сент Мари откаде се влева во Хјурон.
Како и другите Големи езера, и Хјурон е формирано од стопениот мраз од глечерите.