Црква Св. Василиј (Москва)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Црква на Молитвата на Девицата на шанецот (руски: Собор Покрова что на Рву) или попросто Катедралата Покровскиј, попозната како Катедралата на Св. Василиј благословениот (руски: Собор Василия Блаженного) или Катедрала Св. Василиј е црква со повеќе конусни покриви карактеристични за руската црковна архитектура која што се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва и се смета за симбол на уникатната позиција на Русија помеѓу Европа и Азија.