Руски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Руски јазик Русский язык |
|
---|---|
Се говори во: | Русија, Украина, Белорусија, Казахстан, Молдавија, Ерменија, Израел, Летонија, Естонија, Киргизија |
Реони: | Источна Европа, Азија |
Општ број на говорници: | ~ 280.000.000 |
Рангирање по општ број на говорници: | 5-7 |
Класификација: | Индоевропски Словенски |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Русија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, ОН |
Контролиран од: | Руската академија на науки |
Јазични кодови: | |
ISO 639-1 | ru |
ISO 639—2 | rus |
SIL | RUS |
Рускиот јазик (руски: русский язык) е еден од најмногу распространетите јазици во Европа и најраширениот од сите Словенски јазици.
Рускиот јазик припаѓа на групата на индоевропските јазици, па затоа е поврзан со санскритот, грчкиот и латинскиот јазик, како и со современите германски јазици, романски јазици и келтски јазици, вклучувајќи го и англискиот, францускиот и ирскиот јазик. Пишани извори на руски јазик се најдени од X век.
Иако тој има зачувано од неговата синтетичко-нефлексионална структура и од заедничката словенска зборовна база, современиот руски јазик има влијанија од интернационалниот речник на политиката, науката и технологијата. Како јазик со големо политичко значење, рускиот е еден од официјалните јазици во ОН. Иако интернационалниот престиж на јазикот опадна по распадот на Советскиот Сојуз, позициите на рускиот јазик како лингва франка во источна Европа и северна Азија се засилени.