Шаховска фигура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Во шахот, играчите имаат по еден комплет фигури со различни бои. Секој комплет има шест вида фигури:
- 1 Крал
- 1 Кралица
- 2 Топа
- 2 Ловца
- 2 Коња
- 8 Пиони
Шаховски варијанти или пак извесни видови шаховски проблеми бараат нестандардни фантастични фигури.
Видете Поенска вредност на шаховските фигури за нивната релативна вредност.
Содржина |
[уреди] Движење на фигурите
- Главна статија: Шаховски правила
Секоја фигура се движи на различен начин. Обично фигурите неможат да преминуваат преку зафатени полиња, но можат да заземат поле на кое се наоѓа противничка фигура со „земање“ (отстранување од таблата). Само една фигура може да стои на едно поле.
- Топот се движи само под прави агли (напред, назад, лево и десно) по неограничен број на полиња.
- Ловецот оди дијагонално по неограничен број на полиња.
- Кралицата кралицата може да се движи под прави агли и дијагонално, по неограничен број на полиња.
- Кралот може да се движи под прави агли и дијагонално, но само по едно поле.
- Коњот се движи во облик на буквата „Г“ (две места во еден правец и едно место под прав агол). Ова е единствената фигура која може да скока преку други фигури.
- Пионот се движи само напред, по едно место (гледано од кај играчот). При првиот потег, пионот може да прејде две полиња наеднаш. Доколку има непријателска фигура дијагонално (лево или десно) едно поле пред него, пионот може да се придвижи дијагонално за да ја земе таа фигура. Пионот неможе да зема или да скока било која фигура која е директно пред него.
Освен овие потези, кралот и еден од топовите можат да изведат посебен потег наречен рокада: доколку кралот и топот сеуште не се поместени од своите почетни позиции, и сите полиша меѓу нив се празни, тогаш кралот може да се помести за две полиња кон топот, а истовремено топот може да дојде на местото кое кралот го прешол. Рокадата не е дозволена во шах-ситуација. Во сериозна партија, мора да се назначи дека следи рокада, или усно или со придвижување прво на кралот Пионот кој ќе успее да дојде до последното поле (гледано од кај него) станува кралица. Оваа постапка се нарекува промоција (или, доколку играчот преферира, топ, ловец или коњ; таа се нарекува „подпромоција“).
[уреди] Комплети
Шаховските комплети постојат во најразлични облици и дизајни кои можат да бидат од историски до апстрактни. Често среќаваме тематски комплети, инспирирани од приказни или филмови. Овие служат повеќе за украс, отколку за активно играње.
Обично шаховските фигури личат на статуетки кои се повисоки отколку широки. На пример шаховска табла со полиња од 57 mm имаат кралеви со висина од околу 95 mm tall. Од сите најразлични дизајни, највообичаен (и стандарден) е т.н. „Стаунтонов дизајн“ наречен по Хавард Стаунтон (англиски велемајстор од XIX век), дизајнирани од Натаниел Кук. За прв пат биле направени во 1849 од фирмата Жак од Лондон).
Ова е стандардниот шаховски комплет за играње. Според овие стандарди висината на кралот изнесува меѓу 85 mm и 105 mm. Највеќето играчи претпочитаат висина од 95 до 102 mm. Дијаметарот на кралот изнесува 40–50% од неговата висина. Останатите фигури треба да се пропорционални на димензиите на кралот. Истите треба да се добро балансирани. Големината на полињата треба да изнесува околу 1.25–1.3 пати дијаметарот на основата на кралот - 50 до 65 mm. Фигурите од гореспоменатата претпочитана големина треба да имаат полиња од 57 mm. Овие критериуми се засновани на правилата на ФИДЕ.
Правилно фигурите треба да се направени од дрво. Иако фактичката боја на фигурите може да биде разна, посветлиот прибор се смета за „бел“, а потемниот за „црн“.
Дрвените бели фигури обично се прават од зеленика или пак јавор. Црните се прават од темно дрво како палисандер, абонос, црвено сандалово дрво или пак оревово дрво; или пак зеленика бојадисана црно, кафено или црвено. Платстичните бли фигури се направени од бела или нечисто-бела пластика а пак црните се прават од црна или црвена пластика. Понекогаш среќаваме и други материјали како коска, слонова коска или мешан материјал.
Малите магнетни комплети понекогаш имаат рамни сплескани фигури налик на жетони, со нацртана ознака за нивно разликување.
Кај компјутерите, шаховските фигури се 2-Д знаци на 2-Д табла, додека неко програми имаат 3-Д компјутерска графика со традиционалните дизајни.
Уникодот содржи знаци за шаховските фигури во бела и црна варијанта.
[уреди] Видете исто така
- Шаховски правила
- Поенска вредност на шаховските фигури
- Хавард Стаунтон
- Шаховска табла
[уреди] Надворешни врски
- За шаховските фигури од ФИДЕ (англиски)
- Шаховски правила од ФИДЕ (англиски)
- Историја на Стаунтоновите шаховски фигури (англиски)
- Шаховските фигури на разни јазици (англиски)
![]() |
Шах |
Фигури | Табла | Правила | Отворања | Стратегија | Тактика | Завршници | Историја | Нотација |