Јабланица
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа статија се однесува за планината Јабланица. За други значења видете Јабланица (појаснување).
Јабланица е планина во југозападниот дел на Република Македонија, помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од Црни Дрим и брегот на Охридското Езеро. Еден дел од планината лежи во Албанија. Планинскиот гребен е повисок од 2,000 метри за приближно 50км, а највисокиот дел, лоциран во самото средиште на планината, е висок 2,257 метри. До планината може да се стигне преку селото Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Таа е 14 километри оддалечена од Охридското Езеро и градот Струга. На Р. Македонија $ припаѓаат источните планински страни, а западните на Р. Албанија. Се протега во меридијански правец (35 km), а најголемата широчина во нашата држава изнесува 7,5 km. На нашата страна зафаќа површина од 255 km2. Највисок врв е Црн Камен 2.257 m. Млада венечна планина која е формирана со тектонските олигомиоценски движења. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни глацијални облици. Врвови повисоки од 2.000 m се: Стрижак 2.233, Крстец 2.186 и Чумин Врв 2.125 m. За време на плеистоцен-ледениот период, високите делови биле зафатени со интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири глацијални езера. Богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се вевчанските. Од рудно богатство има јаглен кај село Пискупштина.