Љубомир Милетич
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Љубомир Милетич (Штип, 1 јануари 1863 - Софија, 2 јуни 1937) е бугарски научник од областа на бугарската филологија и историја.
Словенска филологија учи во Загреб и Прага. Докторира во Загреб (1888). Работи како професор на Катедрата по словенска филологија на СУ “Св. Климент Охридски” (1892 - 1934). Тој е еден од основачите на Вишата школа во Софија и активен член (од 1898) на Бугарското книжевно друштво (Бугарска академија на науките). Бил и претседател на БАН (1926 - 1937).
Иако по мајка Македонец, а по татко Црногорец, Милетич е поддржувач на великобугарската идеологија. Активно учествува во основањето на Македонскиот научен институт (МНИ) во Софија, чија основна задача е прибирање, обработка и објавување материјали кои се во полза на бугарските претензии кон Македонија.
Милетич ги има редактирано и објавено спомените на бројни македонски револуционери, а на неписмените борци (Никола Митрев - Езерски) самиот тој им ги запишувал со своја рака.
[уреди] Објавени дела
- “Старобългарска граматика с упражнения, текстове из старобългарските паметници и речник” (1888)
- “O članu u bugarskom jeziku” (Загреб, 1889)
- “Старото българско население в Североизточна България” (1902)
- “Das Ostbulgarische” (Виена, 1903)
- “Die Rhodopemundarten der bulgarischen Sprache” (Виена, 1911)
[уреди] Надворешни врски
- "Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г.; II фототипно издание, Културно-просветен клуб "Тракия" - София, 1989 г., София.
- "Движението отсамъ Вардара и борбата съ върховистите по спомени на Яне Сандански, Черньо Пеевъ, Сава Михайловъ, Хр. Куслевъ, Ив. Анастасовъ Гърчето, Петъръ Хр. Юруковъ и Никола Пушкаровъ; съобщава Л. Милетичъ", София, Печатница П. Глушковъ, 1927, поредица "Материяли за историята на македонското освободително движение", Издава "Македонскиятъ Наученъ Институтъ", Книга VII.
- "Дако-ромъните и тяхната славянска писменость. Часть II. Нови влахо-български грамоти отъ Брашовъ", Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, книга XIII, София, 1896, стр. 3—152.