Од Википедија, слободна енциклопедија
1 јануари е првиот ден во годината според грегоријанскиот календар . Остануваат 364 денови до крајот на годината (365 во престапна).
- 45 ПНЕ - започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулианскиот календар.
- 404 - последната гладијаторска борба во римскиот колосеум.
- 439 - објавен е Теодосиевиот Законик (Codex Theodosianus), најголемата збирка на Римски закони во тој период.
- 1651 - Чарлс втори е крунисан за крал на Шкотска.
- 1801 - Церес, првиот познат Астероид е откриен од Џузепе Пјаци.
- 1804 - Независност на Хаити од Франција.
- 1818 - Мери Шели го објави романот за чудовиштето Франкенштајн.
- 1880 - Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот канал.
- 1892 - Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави.
- 1901 - Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер.
- 1908 - за прв пат беше пуштена топка изработена од кристали и електрични светла на Њујоршкиот Тајмс Сквер, традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година.
- 1909 - во Битола излезе првиот број на весникот Работничка искра на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов.
- 1925 - Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Предходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година.
- 1939 - во Виена се одржа првиот Новогодишен концерт.
- 1942 - во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации.
- 1945 - Излезе првиот број на хумористично-сатиричното списание Остен.
- 1948 - Основана е Државната македонска опера, а за нејзин прв директор беше именуван македонскиот композитор и диригент, Тодор Скаловски.
- 1959 - за време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста.
- 1965 - под водство на лидерот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО.
- 1982 - Перез де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации.
- 1990 - формирана е политичката партија НДП.
- 1995 - започна со работа Светската трговска организација.
- 2002 - Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија.
- 2006 - Почна примената на Законот за заштита од пушењето.
- 2007 - Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија
- 1823 - Шандор Петефи, унгарски поет и револуционер.
- 1863 - Пјер де Кубертен, францускиот основоположник на модерните Олимписки игри.
- 1873 - Марија Јуриќ Загорка, хрватска писателка и новинарка.
- 1878 - Пејо Јаворов, бугарски поет, сопатник и биограф на Гоце Делчев.
- 1895 - Џ. Едгар Хувер, еден од најпознатите и најконтраверзните директори на ФБИ.
- 1912 - Ким Филби, британец, долгогодишен таен агент на КГБ.
- 1915 - Бранко Ќопиќ, српски писател.
- 1934 - Бранко Варошлија, македонски писател, литературен критичар, драматург и новинар.
- 1968 - Давор Шукер, хрватски фудбалер.
- 1973 - Врбица Стефанов, македонски кошаркар.
- 1973 - Искра Трпева, македонска поп пејачка.
- 1982 - Давид Налбандијан, аргентински тенисер.
[уреди] Починале
- 1515 - Луј XII, француски крал.
- 1894 - Хајнрих Рудолф Херц, германски физичар.
- 1941 - Петар Поп Арсов, македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, автор на првиот македонски Устав
- 1972 - Морис Шевалије, француски пејач и актер.
- 2001 - Фабијан Шоваговиќ, хрватски актер.
[уреди] Верски празници
- Според македонскиот Православен календар денеска е:
- - Светиот маченик Бонифациј
- - Преподобен Илија Муромец
- - Св. Григориј Омиритски
- Според Римокатоличкиот календар денеска е:
- - Благословена Девица Марија
[уреди] Празници во светот
- - во државите кои го користат грегоријанскиот календар од полноќ, 00:01 часот, со огномет започнува да се слави почетокот на Новата Година.
- - Куба прославува Ден на ослободувањето.
- - Ден на Јавна сопственост (public domain) во многу држави ширум светот. Тоа е ден кога Заштитената сопственост (copyrights) престанува да важи и делата поминуваат во т.н. Јавна сопственост (public domain).
[уреди] Надворешни врски