Џемс Џојс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џемс Аугустин Алојзиус Џојс (2 февруари 1882 - 13 јануари 1941), ирски писател во иселеништво, важи за еден од најзначајните писатели на 20-от век. Најпознат е по збирката раскази „Даблинци“ (1914), како и по романите „Портрет на уметникот како млад човек“ (1916), „Улис“ (1922) и „Финегановото будење“ (1939).
Иако поголемиот дел од својот возрасен живот, Џојс го поминува надвор од родната земја, ирските искуства на Џојс се клучни за неговото дело. Фиктивниот универзум на Џојс е длабоко вкоренет во Даблин и дава приказ на неговиот семеен живот и настаните и пријателите (и непријателите) од неговите школски денови. Заради својот субјект, Џојс стана истовремено еден од најкосмополитенските и најлокалните модернисти на англиски јазик.