Џенифер Лопез
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џенифер Лин Лопез е позната американска глумица, поп пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули, 1969 во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.
Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни, 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).