1762 лето
Од Википедија, слободна енциклопедија
1762 лето е македонска народна песна. Песната е преработена од македонската дарк вејв група Мизар, на нивниот втор студиски албум насловен „Свјат Dreams“.
[уреди] Текст
- Илјада и седимстотин шесдесет и второ лето
- в Охрида од Цариграда дошел Солаор.
- Еј! Дошел Солаор.
- Се претставил пред Арсења
- наша патрика честнаго
- и му рек'л слово горко, слово жалостно.
- Еј! Слово жалостно.
- Царска воља е да тргнеш
- денеска за Цариграда
- на тебе од врли Грци, голем поплак е.
- Еј! Голем поплак е.
- Собрал патрик свое стадо
- в црква свјатиј Климентова
- благослов им дал последен, р'це заплетил.
- Еј! Р'це заплетил.
- Д'лго време липал старец
- в молчење в'сенародно
- и по бела брада ронел с'лзи горешти.
- Еј! С'лзи горешти.
- Слушајте ме мили чеда
- јас ќе идам в Цариграда
- на мене од врли Грци голем поплак е.
- Еј! Голем поплак е.
- Грцкиј патрик ќе ни строши
- славна Охридска Столица
- и мене до смрт ќе држи в заточение
- Еј! В заточение.
- Ќе прати владици Грци
- лицем светци срцем в'лци
- ќе ве дават, ќе ве стрижат,
- ќе м’лзат до крв.
- Еј! Ќе м'лзат до крв.