Unified Modeling Language
Од Википедија, слободна енциклопедија
UML e кратенка од Unified Modeling Language, што во превод значи унифициран јазик за моделирање. UML е за првпат објавен во 1997 година како метод за моделирање на софтверскот дизајн. Создаден е од конзорциум од најдобрите умови на објектно ориентираната анализа и дизајн. Во времето кога се појавува претставува вистинско освежување во компјутерската индустрија. Како што секоја друга индустрија си има свој стандарден метод за документирање така софтверската индустрија го има UML.
Во самиот стандард постојат девет типови на дијаграми:
- Класен
- Објектен
- Дијаграм на кориснички сценарија
- Состојбен дијаграм
- Дијаграм на активности
- Секвенцен, Колаборациски
- Компонентен
- Развоен дијаграм