Unix
Од Википедија, слободна енциклопедија
Unix е оперативен систем за компјутери. Неговите основни особини се преносливост меѓу хардверски платформи, возможност да извршува истовремено повеќе процеси (multitasking) и способност истовремено да опслужува повеќе корисници. Unix е развиен во текот на шеесеттите години врз основа на оперативниот систем Мултикс. Развиен е од страна на Кем Томсон, Денис Ричи и Даглас Мекилрој, програмери на американската телекомуникациска фирма АТ&Т.
Unix има доживеано повеќе верзии и денес се во секојдневна употреба, меѓу други, верзиите на IBM и Sun Microsystems (Sun Solaris), како и во верзии на Слободен Софтвер на BSD Unix и Линукс (Linux). Интересно е тоа што Би-Ес-Ди (BSD) Unix имал во јадрото вграден код кој овозможувал поврзување на повеќе компјутери во мрежа. Мрежниот код на БиЕсДи се смета за претеча на Интернет протоколот TCP/IP.
[уреди] Слоеви на Unix
Слоеви на интеракција помеѓу хардверот и корисникот:
- Јадро (кернел) -директна врска со хардверот
- Апликации (програми) и команди - интеракција со јадрото, а не директно со хардверот
- Интерпретер на команди (Шел)интеракција помеѓу корисникот и неговите програми со Unix командите
- Систем на прозорци, на пр.Х(не мора да постои) - интеракција најчесто со Шел, но може и директно со програмите
- Корисникот - интеракција со Шел или комбинација од системот на прозорци и Шел околината.
[уреди] Надворешни информации и врски
- The UNIX Forums - the Top UNIX & Linux Q&A on the Web (на англиски)
- Tru64.org (на англиски)
- EnterpriseUNIX.org (на англиски)
- Unix @ dmoz.org (на англиски)
- http://www.UNIX-systems.org/ -- The Open Group UNIX System Homepage (на англиски)
- http://xahlee.org/UnixResource_dir/freebooks.html -- The Unix Pestilence (an anti-unix website) (на англиски)
- http://www.roesler-ac.de/wolfram/acro/index.htm -- The Unix Acronym List (на англиски)
- UniX on laptops and notebooks (на англиски)