Авероес
Од Википедија, слободна енциклопедија
Авероес бил арапски мислител роден во 1126 во Шпанија и починал во Мароко во 1198. Тој бил филозоф, лекар, учител и основач на филозофскиот правец Авероизам. Неговото учење се приклонувало кон материјализмот и пантеизмот и ја негирал бесмртноста на душата, поради што бил осуден од Римската курија.