Албертов парк (Окленд)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Албертов парк (англиски: Albert Park) е сценски парк на брдо во центарот на Окленд, Нов Зеланд кого го обиколуваат улиците Wellesley Street East, Princes Street, Bowen Avenue и Kitchener Street. Од влезот на аголот на Bowen Ave и Kitchener St, се издигаат патеки меѓу ендемски дрва кон големиот рамен простор на врвот на брдото, каде има формална градина со фонтана, скулптури, топови и орнаментални цветни леи.
Северно од фонтаната од леано железо (1881) се наоѓа бронзена статуа на Кралицата Викторија (1897); јужно се наоѓа оркестарска естрада (Џејмс Слејтор, 1901). Во орнаменталните градини, близу излезот на Princes Street има голем цветен часовник направен во 1953 со помош на донацијата на Роберт Лејдло, основачот на ланецот стоковни куќи Фармерс. Овој излез е директно спроти главниот влез на Оклендскиот Универзитет кого го краси саат-кулата на сликата.
Паркот содржи и други уметнички дела и паметници, како мермерен паметник на Бурската војна и статуа на Сер Џорџ Греј (1904), релоцирана тука од првобитната локација пред Градското Собрание (Auckland Town Hall).
Паркот зафаќа голем дел од поранешната „Албертова касарна“, една од најстарите европски воени утврдувања во земјата, која пак била израдена на местото на претходно па по име Te Horotiu. Во 1880-тите касарната била преуредена во градски парк. Брдото првобитно имало прекрасен поглед на градот и пристаништето. Денес, од брдото се гледаат само згради, но најголемиот дел од нив се затскриени од веќе високо израснатите дрва. Дел од ѕидот на тврдината може да се види вон паркот, на кампусот на факултетот.
Интересно е да се спомене дека врдото на Албертовиот парк во себе содржи подземни тунели со вкупна должина од околу 4.8 км. Овие тунели се изградени во 1941 како скривници, но исртите биле запечатени по војната, и така заборавени. Планирано е тунелите да се користат како туристичка атракција, но не се знае дали овој план ќе се реализира.
Брдото на Албертовиот парк е еден од најстарите вулкани во Оклендското вулканско подрачје, чија ерупција датира пред помеѓу 60,000 и 140,000 години.
[уреди] Надворешни врски
- Опис на паркот и неговата историја (англиски)
- Бројни слики од паркот и неговите содржини (англиски)
- Планови на тунелите, и приказна за нивното истражување (англиски)
- Општински менаџмент-план за паркот (англиски)