Вулкан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вулканите се отвори или пукнатини на Земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вообичаено, тие се јавуваат по должината на границите на плочите на кората: повеќето вулкани се наоѓаат во појас наречен Огнен Прстен, кој се протега по должината на работ на Тихиот Океан. Вулканите може да бидат класифицирани според јачината и фреквенцијата на нивните ерупции. Неексплозивните вулкански ерупции, главно, се јавуваат таму каде што плочите на Земјината кора се одвојуваат една од друга. Овие ерупции создаваат многу течна базалтна лава, која брзо се шири низ пространата област и создава релативно рамни конуси. Најјаките ерупции создаваат густа лава и можат да исфрлат во вид на експлозии, облаци од прав и пироконгломерати. Лавата тече непосредно пред да се излади и затоа гради конусни вулкани со стрмни страни. Некои вулкани создаваат лава и ерупции од пепел, што градат сложени вулкански конуси. Вулканите што имаат чести ерупции се наречени активни, а тие што имаат ретки ерупции се нарекуваат заспани и тие што прекинале со еруптирање се наречени угаснати вулкани. Освен вулканите, во други појави поврзани со вулканските региони се и гејзерите, жешките минерални извори, солфатарите, пукнатините во вулканскиот конус од кои избива само чад и пареа и врелите базени со кал.
[уреди] Создавање на вулкани
Вулканите се места каде што излегува вжарен карпест материјал од внатрешноста на земјата. Овој материјал понекогаш доаѓа од длабоките зони на кората, каде се стопил како последица на покачување на температурата и притисокот. Во други случаи, стопената маса потекнува директно од внатрешната обвивка. Вулкани нема на сите места, туку само на оние каде активноста за соединувањата (фузија) е посилна затоа што една плоча на кората се урива. Ова се случува, на пример, на сите брегови на Тихиот Океан, каде што кората навлегува под континентите. Во Атлантсиот Океан активноста е многу помала зашто се создава нова кора.
[уреди] Видови на вулкани
Начинот на кој лавата излегува од вулканот не е секогаш ист, при тоа се создаваат разни форми на вулканите. Тие се:
- Стромболијански: создаваат приближно правилен конус, имаат единствен канал за излевање и ерупцијата е многу бурна.
- Вулкански: создаваат приближно правилен конус, но главниот излезен канал се шири во неколку помали канали, а ерупцијата, исто така, е многу бурна.
- Хавајски: создаваат широк конус и мала височинка, со многу течна лава и не многу бурна ерупција.
- Пелеански: лавата е многу густа и како што излегува создава цврст столб.
[уреди] Некои од најголемите вулкани во светот
* Сеуште активни
Вулкан | Височина | Место |
---|---|---|
Котопакси | 5897 m | Еквадор |
Еребус | 3794 m | Антарктик |
Ерта Але* | 2957 m | Етиопија |
Етна* | 3295 m | Италија |
Фуего | 3763 m | Гватемала |
Фуџиама | 3776 m | Јапонија |
Килаоа | 1237 m | Хаваи |
Килиманџаро | 5895 m | Танзанија |
Кракатао (нов)* | 832 m | Индонезија |
Ласен Пик | 3186 m | Калифорнија |
Лјулјаилако | 6739 m | Чиле |
Мануа Лоа | 4158 m | Хаваи |
Невадо дел Руиз | 5400 m | Колумбија |
Нирагонго | 3469 m | Заир |
Ојос дел Саладо* | 6893 m | Чиле - Аргентина |
Оризаба | 5700 m | Мексико |
Попокатепетл | 5452 m | Мексико |
Стромболи* | 926 m | Италија |
Теиде | 3718 m | Канарски Острови |
Везув | 1270 m | Италија |
Вилјарика | 2840 m | Чиле |
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |