Андромеда (галаксија)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Андромеда (исто така позната како Messier 31, M31, или NGC 224; постарите текстови често ја нарекуваат Андромеда Небула) е гигантска барирана спирална галаксија одалечена приближно 2,5 милиони светлосни години во соѕвездието Андромеда, што лежи во северната хемисфера на небото. Таа е доста слична на нашата галаксија.
Првпат е забележана во 905 од арапскиот астроном Абд Ал-Рахман Ал Суфи, кој ја опишал како "мал облак". Првиот опис на галаксијата со помош на телескоп е направен од Симон Мариус во 1612 (на него често му се припишува дека ја открил галаксијата).
За Анромеда се сметало дека е најголемата галаксија од Локалната група на галаксии што се состои од Андромеда, Млечниот Пат и галаксијата Триаголник, како и 30 други помали галаксии. Според најновите истражувања базирани на подобрени мерења и податоци, научниците сметаат дека Млечниот Пат содржи повеќе темна материја, и дека можеби е помасивна во групата. Сепак, скорешните опсервации од вселенскиот телескоп Спицер открија дека Андромеда содржи еден билион (1012), многу поголем од бројот на ѕвезди во нашата галаксија.
Андромеда се состои од:
- спирални ракави - млади ѕвезди кои се наоѓаат на средината на својот еволуционен пат
- јадро - кое се состои од суперџинови и џиновски ѕвезди, т.е. ѕвезди на крајот од својот еволуционен пат.
Галаксијата Андромеда е лесно видлива со голо око во умерено темно небо, иако такво небо постои само во помалите градови и изолираните области што се наоѓаат доволно далеку од големите градови и изворите на светлосно загадување. Всушност Андромеда е единствената галаксија во северната хемисфера која е видлива со голо око без некои посебни атмосферски погодности (на јужната хемисфера, тоа се Малиот Магеланов Облак и Големиот Магеланов Облак). Изгледа доста мала без телескоп бидејќи само средишниот дел е доволно светол да биде видлив.