Апенински полуостров
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апенинскиот полуостров (италијански: Penisola appenninica) е еден од најголемите полуострови во Европа, кој се протега 1,000 км во должина, од Алпите на север, па сѐ до средишниот дел на Средоземното море на југ. Овој полуостров е познат по тоа што по својот облик личи на чизма, и затоа на италијански се нарекува уште и Lo Stivale („Чизмата“).
Речиси целиот полусотров ѝ припаѓа на Италија. Само две мали места, Сан Марино и Ватикан се независни од неа.
Полуостровот е опркужен со Лигурското море и Тиренското море на запад, Јонското море на југ и Јадранското море на исток. Внатрешноста на полуостровот се состои од планините Апенини, по кои го носи името, а а северниот дел му е главно рамнински и крајбрежјата ридски (гребенски).
Полуостровот како природен ресурс има нафта.
Апенинскиот полуостров има медитеранска клима со макии, листопадни и мешани (листопадно-зимзелени) шуми.