Европа
Од Википедија, слободна енциклопедија
Европа е геолошки и географски полуостров, формиран во најзападниот дел на Евроазија. Стандардно, се смета за континент, но во овој случај, станува збор повеќе за културна поделба отколку за географска поделба. Европа е обиколена на север со Арктичкиот океан, на исток со Атлантскиот океан, на југ со Средоземното море и Црното море, и на исток со планината Урал и Каспијското море.
Ако се смета за континент, Европа е вториот најмал континент на светот по површина со 10,600,000 km², поголем единствено од Австралија. Европа е трета по број на население по Азија и Африка со 799,466,000 жители во 2003: грубо земено, една осмина од светското население.
Додека Северната, Западната и Јужната граница на континетот се прецизно дефинирани со водените површини, Источната граница е предмет на полемики меѓу географите. Денес за источна граница на континентот се смета планината Урал која на југ продложува со реката Урал и Каспиското Езеро и потоа преку Кумано-маничката низина излегува на Црното Море. Со ова цел Кавказ останува во Азија, а задкавкаските земји, иако географски припаѓаат на Азија, според модерните политички текови и тие се прилкучени кон Европа.
Во Европа се наоѓаат следните независни држави:
1 Ерменија и Кипар се географски во Азија но се сметаат како делови од Европа од културни и историски причини.
2 Азербејџан и Грузија се во Европа само делумно според дефиницијата што во предвид го зема водниот регион од Кавказот како граница со Азија.
3 Европската територија на Казахстан се содржи од регион западно од реката Урал .
4 Името на Македонија е прашање на интернационален спор. Иако Република Македонија е уставното име, во повеќето организации и официјални документации, таа се среќава како Поранешна Југословенска Република Македонија (FYROM). Името Македонија го користат земјите кои го имаат признаено уставното име на Македонија.
5 Оние територии од Русија што лежат западно од планината Урал и северно од кавкаските водни површини се сметаат за дел од Европа.
6 Европска Турција се содржи од територија на запад и на север од Босфор и Дарданелите.
2, 3, 5, 6 Види Земји истовремено во Азија и Европа за повеќе детали.
Африка-Евроазија |
Америка |
Евроазија |
Океанија |
||||||||||||||||||||||||
Австралија |
Азија |
Антарктик |
Африка |
Европа |
Ј. Америка |
С. Америка |
|||||||||||||||||||||
Геолошки суперконтиненти Ваалбара • Гондвана • Кенорланд • Колумбија • Лавразија • Пангеја • Панотија • Родинија • Ур |
|||||||||||||||||||||||||||
Митски и теоретски континенти Атлантида • Лемурија • Му • Terra Australis |