Италијански јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Италијанскиот јазик кој припаѓа на романската јазична група го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот број живее во Италија. Стандардизираниот италијански е заснован на тосканските дијалекти, и е нешто како среден јазик помеѓу јазиците на јужна Италија и галско-романските јазици на северот. Стариот тоскански стандард, во последните неколку децении, попримил малку влијанија од италијанскиот говор од Милано, економскиот центар на Италија. Италијанскиот има двојни (или долги) согласки, како латинскиот (но не и како повеќето јазици од романската јазична група, на пр. францускиот и шпанскиот). Како во повеќето јазици од романската јазична група (со исклучок на францускиот),