Апостол Петар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Апостол Петар, исто така Симон - Simon ben Jonah/BarJonah, Cephas и Kepha (? - 64г.) е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Неговиот живот е детално разработен во Новиот Завет.
Како рибар во Галилеја, тој и неговиот брат Андреј биле повикани од Исус да бидат негови апостоли. Пред сите други, тој е посочен како лидер (или карпа) на Христијанството од страна на Господ - улога што нашироко му била признаена во раноцрковниот период.
Шиитските муслимани веруваат дека тој е вистинскиот наследник на Исус Христос (за нив, Пророк).