Башино Село
Од Википедија, слободна енциклопедија
Башино Село е село во Општина Велес.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Башино Село |
Општина: | Општина Велес |
Население: | 775 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 175 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Башино Село се наоѓа во средишиниот дел на Општина Велес, меѓу автопатот и текот на реката Вардар. Башино Село е рамничарско село лоцирано на почетокот на Велешката котлина во алувијалната почва на Вардар. Лежи на 175 метри надморска височина и е на 5 километри одалеченост од градот Велес.
[уреди] Историja
Ова село има богат историски развиток, а добар дел од неговите жители се имаат иселено во Куманово, кога овој град станал видно цетнрално место, по спојувањето на вардарската со моравската железница во 1888 година.
[уреди] Предание за потеклото на името
Некои велат дека Башино Село е постаро и од Велес. Овде отсекогаш било многу убаво. Според едно предание, Башино Село се вика така по некој турски бег, кој кога од ридот го видел селото како со своите многубројни бавчи се простира покрај реката Вардар, рекол: "Е, ова е баш село - убаво село". Ова село и некои негови жители се опеани во неколку народни песни
[уреди] Економија
Башино Село како рамничарско село во алувијалната рамнина на Вардар е познато по своите градинарски производи. Во селото исклучиво е застапено полјоделството - бавчанџиството и највеќе се одгледуваат градинарски производи кои се пласираат најчесто на пазарот во Велес, а често се пласираат и во Скопје и на странските пазари. Башино Село е познато по својот млад кромид и праз.
[уреди] Демографија
Башино Село има 775 жители од кои 767 Македонци и 8 Срби.
[уреди] Општествени институции
Во селото работи и основно училиште до IV одделение.
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
Секоја година во селото се организира прослава на Илинден на ридот Свети Илија под кој поминува познатиот тунел на автопатот.