Куманово
Од Википедија, слободна енциклопедија
Куманово се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространето од двете страни на реките Липковка и Којнарка.
Содржина |
[уреди] Насeление
Според бројот на жителите Куманово со 70842 жители е на Второто место Република Македонија зад Скопје.
- Македонци 42840 (60,47%)
- Албанци 18277 (25,79%)
- Срби 4727 (6,67%)
- Роми 4042 (5,70%)
- Турци 256
- Власи 108
- Бошњаци 14
- Останати 578
[уреди] Историја
Се претпоставува дека Куманово го води своето име од племето Кумани кои живееле на оваа територија во средниот век.
Првите изворни податоци за населбата Куманово се споменуваат во 1519 година, од патеписните дефтери во архивот на Република Турција во Истанбул со 52 семејства и околу 300 жители.
Најопширни и најзначајни податоци дава Евлија Челебија во 1660 година кој напишал: "Населбата Куманово се наоѓа на територијата на Скопскиот санџак и претставува еден војводлак. Градот е украсен со многу реки, закитен со 600 куќи, покриени со керамиди.
Градската населба, административен центар на нахијата, Куманово станува при крајот на XVI или почетокот на XVII век. По бурните настани (Карпошово востание во 1689 год.) настанува стагнација на градот, и тој се до крајот на XVIII век претставува типична турска касаба.
Во близина на Куманово на 23 октомври, 1912, е одржана и познатата Кумановска битка во која турските сили биле поразени од српската војска и биле натерани на повлекување од оваа територија. Во близината на ова место на локалитетот кој се нарекува Зебрњак е изграден споменик кој подоцна делумно ќе биде разрушен од страна на бугарската војска за време на Втората Светска војна.
Стопански развој градот доживува дури при крајот на XIX век (земјоделство, занаетчиство и трговија), но во стопанскиот развој нема значаен подем на индустријата се' до крајот на Втората Светска војна. На 11 октомври, 1941, во Куманово заедно со Прилеп, започнала антифашистичката борба на македонското население. По 1945 година Куманово доживува брз стопански, административен и културен развој.
[уреди] Населби во Куманово
[уреди] Културно-историски споменици
Заради богатата историја на градот и неговата околина, во него постојат голем број културно-историски споменици. Тие датираат од праисторијата до денес.
Најстарите локалитети се: Населени комплекси, Костоперска Карпа, локалитетот Градиште од бронзена доба кај селото Пелинце, неолитскиот локалитет село Младо Нагоричане, железнодопскиот тумулус Гробље (село Војник), римската некропола "Дрезга" (село Лопате), римската населба Vicianus село (Клечовце) и други.
Од средновековните сакрални споменици со уметнички вреден византиско фреско-живопис позначајни се: Црквата "Св. Георги" (Старо Нагоричане) изградена 1071 година, а обновена 1313 - 1318 година и црквата "Успение на Богородица" (с.Матејче) од 1356 - 1360 год.
Од поново време познати се манастирот "Карпино" во близина на с. Сув Ора посветен на Воведението на пресвета Богородица, XVI век, црквата "Св. Петка" во село Младо Нагоричане од XVII век, "Ески џамија", 1751 година, црквата "Св. Никола", црквата "Св. Тројца", како и манастирот во село Градиште.
За најстар објект во Куманово со јавна функција се смета старата "Ески" џамија подигната 1751 год. што се наоѓала во тогашното турско Орта бунар маало, подигната од Татар Саид бег.
За потребите на отоманската власт во непосредна близина на "Ески" џамијата била подигната зградата Уќумат (конак), каде што бил сместен кадијата и останатите судски и полициски органи. Во него заседавал меџлисот (срески одбор), а зданието било подигнато во 1880 год., на местото каде што порано имало конак.
Црквата "Св. Никола", дело на Андреја Дамјанов, е обиколена со раскошни тремови, богат ентериер со раскошни галерии, иконостас и црковен мебел. Натписот под патронската ниша над јужниот влез во наосот говори за подигање на црквата во 1851 година, на местото на постара црква (чиј патрон исто така бил Свети Никола) во тогаш познатото Варош маало.
Црквата "Св. Троица" е најмлад јавен верски објект, изграден во 1902 година. Оваа црква е производ од црковните борби на крајот на XIX век по иницијатива на приврзаниците на Патријаршијата. Подигната во Карапското маало, во чија близина се изградило и патријаршиско училиште.
Берово · Битола · Богданци · Валандово · Велес · Виница · Гевгелија · Гостивар · Дебар · Делчево · Демир Капија · Демир Хисар · Кавадарци · Кичево · Кочани · Кратово · Крива Паланка · Крушево · Куманово · Македонски Брод · Македонска Каменица · Неготино · Охрид · Пехчево · Прилеп · Пробиштип · Радовиш · Ресен · Скопје · Струга · Струмица · Свети Николе · Тетово · Штип