Безобразлук
Од Википедија, слободна енциклопедија
Безобразлукот е дел од моралот. Тој е релативна и променлива категорија на фрази, акции и постапки кои се општествено неприфатливи, и тоа на високо ниво на неприфатливост. Најчесто безобразлукот се констатира од страната на едно или повеќе лица, како некое дејствие (кажан збор, сторена работа) кое било сторено од страна на друго лице или лица, а кое дејствие е неприфатливо за констатирачите на сторениот безобразлук.
Употребата како придавка е (неколку примери):
- „Ти си безобразен“ - кога е насочено кон одреден сторител на одредено или неодредено неприфатливо дејствие;
- „Ова е безобразлук“ - кога е насочено кон неодреден сторител на конкретно неприфатливо дејствие;
Безобразлукот е променлива и релативна подгрупа на моралните норми. Тој е релативен, бидејќи кај различните општествени групи (малцинства, нации) постои различен вид на дејствија кои спаѓаат во категоријата „безобразлук“. Тој е променлив бидејќи поради промената на општествената структура со текот на времето, се менуваат и моралните норми на општеството, а со нив и безобразлукот.
Пример за релативноста:
- Во Иран и повеќето други муслимански земји е безобразно да се говори за голотија и секс, а во западниот свет не е таков случај (или не се смета за безобразно, туку само за некултурно).
Пример за променливоста:
- Порано, во Македонија било безобразно љубовните двојки да се бакнуваат на отворено, а денес не е.