Бел дроб
Од Википедија, слободна енциклопедија
Белите дробови (или плуши — говорен израз) се главните органи за дишење кај цицачите и повеќето други ‘рбетници. Тоа се парни органи со розева боја, обвиткани со мембранозна обвивка наречена плевра. Во нив навлегуваат бронхиите кадешто завршуваат со алвеоли. Белите дробови го опкружуваат срцето и крвните садови во градниот кош.
Основната функција на белите дробови е вдишување на кислород од атмосферата во крвта и издишување на јаглерод диоксид од крвта во атмосферата. При вдишувањето тие се шират, додека при издишувањето се собираат. Размената на овие гасови се одвива во алвеолите. Меѓутоа, белите дробови имаат и некои нереспираторни функции.