Благоевград
Од Википедија, слободна енциклопедија
Благоевград
Население | 78 159 (според 2006) |
---|---|
Регистарска ознака | Е (BG) |
Административна поделба | Благоевградска област |
Градоначалник | Лазар Причкапов |
Веб страна | www.blgmun.com |
Површина | km2 |
Надморска висина | 360 м |
Координати: | 42° 1′ С, 23° 6′ И |
Благоевград е град во Бугарија и претставува административен центар на Благоевградска област (Пиринска Македонија). До 1950 година, Благоевград го носи името Горна Џумаја, а името Благоевград го добива по бугарскиот социјалист и демократ Димитар Благоев - Дедото, кој е еден од основачите на социјалистичкото движење и партија во Бугарија. Благоевград се наоѓа во долината на реката Струма, во северниот дел на Пиринска Македонија. Преку градот тече реката Бистрица (Благоевградска Бистрица).
Античкото име на градот е Скаптопара. Според статистиката на Васил К'нчов кон краjот на ХІХ век, Горна Џумаја има 6 440 жители. Во 2005 година Благоевград има 77 543 жители, најголемиот број од нив се декларират како Бугари (96%). Во градот и неговата околина живее и македонско население, а процентот на Македонците во Благоевград и околината во првите пописи по Втората светска војна во Бугарија се движел помеѓу 40% и 45%.
[уреди] Култура
Во Благоевград се наоѓаат два универзитета - Jугозападниот и Американскиот. Исто така, во Благоевград излегува македонскиот весник “Народна Волја“.
Во времето на владеењето на Георги Димитров, во Благоевград работеле македонска книжарница, македонски културен центар и театар на македонски јазик.
[уреди] Галериjа
Споменикот на Гоце Делчев |
[уреди] Надворешни врски
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |
Ајтос · Асеновград · Ахтопол · Балчик · Ботевград · Банско · Благоевград · Бургас · Бјала · Варна · Велико Трново · Велинград · Видин · Враца · Габрово · Горна Орjаховица · Гоце Делчев · Димитровград · Добрич · Дупница · Казанлак · Карлово · Карнобат · Китен · Крџали · Ќустендил · Ловеч · Лом · Мелник · Монтана · Несебар · Нова Загора · Пазарџик · Панаѓуриште · Перник · Петрич · Пештера · Плевен · Пловдив · Поморие · Попово · Разград · Русе · Сандански · Самоков · Свиштов · Севлиево · Сливен · Сливница · Силистра · Смолјан · Созопол · Софија · Стара Загора · Тројан · Трговиште · Харманли · Хасково · Чепеларе · Jамбол · Шумен