Македонски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонски јазик | |
---|---|
Се говори во: | Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, Шведска, Германија, САД, Канада, Австралија и други земји |
Реон: | Југоисточна Европа |
Општ број на говорници: | 2 - 3 милиони |
Ранглиста: | По 100-та позиција |
Класификација: | Индоевропски Словенски |
Официјален статус | |
Официјален јазик: | Република Македонија и делови на Република Албанија |
Контролиран од: | --- |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | mk |
ISO 639-2 | mac (B), mkd (T) |
SIL | MKD |
Македонскиот јазик спаѓа во источната група на јужните словенски јазици и е официјален јазик во Република Македонија. Македонски се зборува и во Австралија, Албанија, Бугарија, Грција, Канада, САД, Србија и Црна Гора, Турција и во некои земји членки на Европската Унија. Вкупниот број на македонски говорници е околу 2 до 2.5 милиони луѓе. Македонскиот јазик е исто така официјален во реонот на Корча во Република Албанија кадешто живее бројно македонско население.
Според респектираниот лингвистички извор Etnologue, македонски се зборува и во југоисточниот дел на Бугарија, но нема податоци за бројот на луѓето. Сличен став имаат и BBC, Britannica и UNESCO. Бугарите велат дека македонскиот бугарски дијалект во Бугарија е посличен до бугарскиот литературен јазик отколку до македонскиот литературен јазик.
Кога се зборува за Македонците како етничка група и македонскиот јазик треба да се има во предвид фактот дека не секогаш јазикот т.е. потеклото или класификацијата на јазикот соодветствува со етничкото потекло на еден народ. Македонскиот јазик спаѓа во групата на словенски јазици, но потеклото на Македонците како народ не е чисто "словенско". Денешните Македонци се потомци на повеќе етнички групи меѓу кои најбројни и доминантни биле Словените.
Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
- со решението на првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава
- со официјалното усвојување на македонската азбука
- со официјалното усвојување на македонскиот правопис
Македонската државност се зацврстува со историските решенија на Првото заседание на АСНОМ. Меѓу тие решенија од особено значење е Решението за воведување на македонски литературен јазик како службен во македонската држава.
Исто така, Президиумот на АСНОМ, како највисоко тело на македонската држава, во ноември 1944 година назначил комисија составена од македонски филолози и од општествени дејци кои требало да поднесат предлог за азбука и за правопис на македонскиот јазик. Прашањето за азбуката и правописот се решило во мај 1945 година. Заедно со ова прашање, членовите на комисијата разгледале повеќе прашања од особено значење за оформувањето на македонскиот литературен јазик.
Кодификацијата на македонскиот литературен јазик ја одразува македонската јазична практика. Блаже Конески има значаен придонес за кодификацијата на македонскиот литературен јазик и за стандардизацијата на литературнојазичната норма.
Македонскиот јазик има сличности со другите словенски јазици, а најмногу со бугарскиот и српскиот јазик. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенски јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми,а од нив останат е само Вокативот (Македонијо; мајко; професоре и т.н.) како и во некои зборчиња (него; нему; скришум и т.н.).
Карактеристични особини на македонскиот јазик се:
- немањето падежи т.е. аналитичката деклинација преку користењето на предлозите при искажувањето на различни граматички поврзаности помеѓу различни делови на реченицата (на книгата; за книгата; во книгата; под книгата; со книгата)
- третосложниот акцент (`планина; пла`нината; плани`нарите)
- двоен предмет (него го видов; неа ја сакамтаму)
- минато време со помошниот глагол ИМА (имам видено; немам јадено)
- минато време со помошниот глагол СУМ + глаголска придавка (не сум сменет; не сум јаден)
- минато-идно време (Те отепав, кога ќе те фатам!)
[уреди] Други податоци
1910 година во САД на инструкцијата за попишувачите стоело „Не пиши македонски, пиши бугарски, турски, грчки, српски или романски, според случајот.“[се бара извор]
137. Do not write "Macedonian," but write Bulgarian, Turkish, Greek, Servian, or Roumanian, as the case may be.[1]
1920 година македонскиот јазик веќе е додаден на лисата со странски јазици.[2]
1930 година македонскиот јазик пак е на листата.[3]
[уреди] Видете исто така
- Блаже Конески
- Граматика на македонскиот јазик
- Дијалекти на македонскиот јазик
- Македонска азбука
- За македонцките работи
- Кирилица
- Македонски писатели
- Историја на македонскиот јазик
[уреди] Надворешни врски
- Извештај на Ethnologue за македонскиот јазик (на англиски)
- The Macedonian Language (на англиски)
- La Macédoine et les Macédoniens Едмон Бушје де Бел, Париз, 1922 (на англиски)
- За македонцките работи Крсте Мисирков, Софија, 1903
- Кодификацијата на македонскиот јазик, д-р Снежана Веновска-Антевска, Институт за македонски јазик
- Македонскиот јазик во јавното општење, Марија Коробар-Белчева
- Македонскиот јазик, Совет за истражување на југо-источна Европа на МАНУ
- Мјечислав Малецки за македонскиот јазик во 1938 година, Мјечислав Малецки
- Кодификација на македонскиот литературен јазик, Стојан Киселиновски
- Проф. Ото Кронштаjнер за македонскиот jaзик (превод на бугарски)
- Природата на македонскиот стандарден jaзик, Младен Србиновски (превод на бугарски)
- Ревизија на јазикот и историјата во Македонија, Кристиан Фос (превод на бугарски)