Бугари
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бугарите (бугарски: българи) се јужен словенски народ генерално поврзан со Бугарија и бугарскиот јазик. Мнозинството Бугари денес живеат во Република Бугарија, иако има бугарски малцинства или имигрантски заедници во повеќе земји.
Денешните Бугари настанале со мешање на бројни народи, староседелци од Балканскиот Полуостров или доселеници од разни делови на евроазиските простори. Овој процес на мешање се одвивал во текот на повеќевековните историски процеси од кои бил заафатен Балканскиот Полуостров.
Во оформувањето на денешниот бугарски народ големо значење имале Булгарите, група номадски народи и племиња доселени од централна Азија на северен Кавказ во 1-2 век, кои го формирале Првото Бугарско царство во 681, кога се поселили трајно на Балканот, како словенскте племиња што им претходеле еден век на Бугарите. Прабугарите подоцна, кон крајот на 10 век, биле асимилирани од страна на Словените, кои биле побројни, но нивниот етноним (българи) останал. До одреден степен, Бугарите биле исто така под влијание на романизираните и на хеленизираните Тракијци и Дако-Гети, кои живееле на територијата на денешна Бугарија пред словенската инвазија. Како и да е, бројот на Тракијци и Гети бил намален до 6 век поради постојаната инвазија на варвари така, нивното влијание во формирањето на денешните Бугари било помалку изразено од тоа на двата спомнати народи.
Конечното оформување на денешната бугарска народност започнува во 19 век, а посебно значење имаат два настани: формирањето на Бугарската егзархија (1870) и Бугарската држава (1878). Голема улога во овој процес одиграла Русија, чие политичко и културно влијание биле од клучно значење.
[уреди] Името ,,Бугари"
Настанокот на името „Бугари“ е нејасен и за него постојат повеќе објаснувања:
1) Името „Бугарин“ (Болгарин) порано се поврзувало со името на реката Волга (волгарин, болгарин = човек од Волга), но ова тврдење е спорно од причина што кога ова име се појавило за прв пат, реката Волга се викала сосема поинаку - Итил.
2) Името "Болг-Арин" од обединувањето на Болгите со Ариjците (според една од теориите за индоевропското потекло на Булгарите).
3) Поимот "bulgar" во туркиските јазици означува "мешан".
4) Според видувањето на некои бугарски научници, етнонимот "булгар" доаѓа од името на животното "булга" (лат. martes foina), познато по својата кожа со која Булгарите тргувале во првобитната татковина во централна Азиjа. Истото животно во Бугариjа се нарекува "белка", а во Русија - "самур".
[уреди] Надворешни врски
- За потеклото на Булгарите (бугарски)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (1)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (2)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (3)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (4)
- Контроверзни податоци за бугарското потекло! (5)
- Aсимилацијата на Помаците во Бугарија (бугарски)