Болеслав Прус
Од Википедија, слободна енциклопедија
Болеслав Прус (полски: Boleslaw Prus) (роден на 20 август 1847, умрел [19 мај] 1921), роден Александер Гловацки (полски: Aleksander Głowacki) е полски новинар, романсиер и раскажувач.
Неотстранлив белег бил оставен на Прус од искуствата што ги доживеал како 15 годишен војник во Полското Востание од 1863, во кое преживеал секакви воени ужаси а бил и затворен од властите на Царска Русија. На 25 годишна возраст започнува долга и плодна 40 години долга кариера како новинар. Паралелно со тоа, пишува кратки раскази и новели.
Помеѓу 1886 и 1895 Прус завршил четири важни новели. Најголеми фаворити на неговите сонародници биле делата Фараон и Кукла. Кукла ја опишува романтичната заслепеност на главниот лик и неговите фрустрации од узанаденоста на општеството. Фараон, единствената историска новела на Прус, го отсликува полското национално искуство низ единствен поглед на антички Египет и падот на Дваесетата Династија.