Полски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Полски јазик Język polski |
|
---|---|
Се говори во: | Полска, САД, Литванија, Белорусија, Франција, Германија, Украина и други земји |
Реон: | Источна Европа |
Општ број на говорници: | 50 милиони |
Ранглиста: | 27 |
Класификација: | Индоевропски Балтичко-Словенски |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Полска, Европска Унија |
Контролиран од: | Полскиот јазичен совет |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | pl |
ISO 639-2 | pol |
SIL | POL |
Полскиот јазик (Полски: język polski, polszczyzna) е официјалниот јазик на Полска. Полскиот јазик е главен претставник од Лехитскиот огранок од Западнословенските јазици. Настанал во областите на денешна Полска, од неколку локални Западнословенски дијалекти, повеќето доста говорени во Големополска и Малополска.
Полскиот јазик некогаш бил лингва франка во различни региони од Средна и Источна Европа, како резултат на политичките, културните, научните и воените влијанија од Полско-Литванскиот комонвелт. Иако денес го има изгубено своето влијание, сепак тој е разбирлив за луѓето од западна Украина, Белорусија и Литванија како втор јазик.