Бриги
Од Википедија, слободна енциклопедија
Бригите се етничка заедница која во предисторискиот, протоисторискиот период и периодот на Антиката го населувала просторот на Пелагонија, Албанија и северозападна Грција.
Најстариот помен на Бригите е во историските извори е во врска со нивниот конфликт со Теспротијците кои го населувале просторот на јужна Албанија во времето на Тројанската војна.
Според зачуваните лични имиња, Бригите имаат сличности со античките Македонци, Пајонци, Мигдонци, Едонци и особено со малоазиските Фригијци. Веројатно тие биле првичното етничко јадро од кое подоцна се диференцирале овие старобалкански народи.
Античките извори ги посведочиле Бригите во близина на Лихнидското Езеро и горното течение на реката Еригон (Црна Река). На поширокиот балкански простор тие се лоцираат источно од долното течение на реката Вардар, под планината Бермион, во северозападна Грција и југоисточна, јужна и централна Албанија до Дирахион на север.