Албанија
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Ова е статија за современата држава на Балканскиот Полуостров. За други значења на името видете Албанија (појаснување)
(Национално знаме) |
|
Национална парола:
нема |
|
Официјален јазик | Албански |
Главен град | Тирана |
Претседател | Алфред Моисиу |
Премиер | Сали Бериша |
Површина — Вкупно 28,748 ;— % вода |
на x-ро место 111 001,9 km |
Население | на x-мо место
|
Независност
|
од Османлиската империја |
Валута | Леk |
Временска зона | UTC +1 |
Национална химна | Himni i Flamurit |
Интернет код | .al |
Телефонски код | 355 |
Албанија (алб. Shqipëria кое во слободен превод значи "Земја на орлите"; shqiponja = орел) е Медитеранска земја во југоисточна Европа. Се граничи со Србија и Црна Гора на север и североисток, Република Македонија на исток, и со Грција на југ, има брег на Јадранско Море на запад, и брег на Јонско Море на југозапад. Земјата е демократија во подем и нејзиното официјално име е Република Албанија (Албански: Republika e Shqipërisë). Главен град е Тирана. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. 70% од населението се муслимани, 20% се православни христијани и 10% се католици христијани. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко, црногорско и др. население. Иако формално албанските власти го признаваат постоењето на малцинските заедници сепак тие се далеку од европските стандарди во уживањето на своите етнички права.
Од 11 септември 2005 година премиер на Република Албаниjа е Сали Бериша.
[уреди] Македонците во Албанија
Македонците се едно од малцинствата во Албанија и се претпоставува дека нивниот број е околу 150 000. Тие живеат покрај албанско-македонската граница во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, а во голем број ги има и во: Корча, Елбасан, Драч, Тирана и други места. Тие се организирани во повеќе здруженија од кои најпознати се "Преспа" и "Мир", а имаат регистрирано и своја политичка партија. Засега како македонско национално малцинство се признати само Македонците во регионот на Мала Преспа, каде тие се организирани и имаат општина раководена од етнички Македонец, Пустец. Во регионот на Мала Преспа, етничките македонци имаат право на образование на мајчин јазик, но само во основното образование. Она што е апсурдно е тоа што иако во гимназијата во Мала Преспа предаваат професори етнички Македонци на ученици етнички Македонци, сепак наставата се одвива на албански јазик. Во Албанија постојат и малубројни групи кои се декларираат како етнички Бугари и кои имаат свои организации во Голо Брдо и Гора. Но, загрижува фактот што Република Бугарија преку одредени активности бара поддршка од албанските власти и се труди да ги асимилира етничките Македонци кои што живеат во Албанија терајќи ги да се декларираат како Бугари. Еден од повидните македонски активисти кои што живеат во Албанија е професорот на Тиранскиот Универзитет од македонско етничко потекло, г-нот Кимет Фетаху.
[уреди] Надворешни врски
- National Tourism Organization Albania's official website for travel & tourism information.
- Look-for-albania.com guide, forum & info
- Каплан Ресули Буровиќ за Албанија и Албанците
Земји во Европа |
---|
Австрија | Азербејџан | Албанија | Андора | Ерменија | Белорусија | Белгија | Босна и Херцеговина | Бугарија | Ватикан | Германија | Грузија | Грција | Данска | Естонија | Ирска | Исланд | Италија | Кипар | Летонија | Литванија | Лихтенштајн | Луксембург | Малта | Молдавија | Монако | Норвешка | Обединето Кралство | Полска | Португалија | Република Македонија | Романија | Русија | Сан Марино | Словачка | Словенија| Србија | Турција | Украина | Унгарија | Финска | Франција | Холандија | Хрватска | Црна Гора | Чешка | Швајцарија | Шпанија | Шведска |