Вихуела
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
За гитаровидната вихуела од Мексико свирена од маријачи, видете Мексиканска вихуела.
Вихуела или виуела (шпан. Vihuela) е назив на разни гитаролики жичени инструменти: еден шпански од XVI век, обично со 12 парни жици, и друг, мексиканска вихуела, од Мексико во XX век со пет жици, изведувана од маријачи.
Содржина |
[уреди] Шпанска вихуела
Некои сметаат дека вихуелата е мошне стар претходник на денешната класична гитара. Во Италија и Португалија овој инструмент е наречен виола да мано (рачна виола).[1]. Двата израза се употребуваат подеднакво. Во својот најразвиен облик, вихуелата била гитаролик инструмент со шест (двојни) жици направени од црева (утроба). Инструментот се штимал речиси како денепшната гитара, со исклучок на третата жица, која се штимала на еден полутон подолу. Впрочем штимањето шестожичената вихуела е исто како штимањето на шестожичената лејта — 44344.
Тргачката вихуела, во принцип лејта со рамно дно, еволуирала во средната на XV век во Кралството Арагон, североисточна Иберија (Шпанија). Во Шпанија и Италија (како и други околни кралства под нивно влијание) вихуелата била често свирена во XV и XVI век.
Постоеле неколку видови на вихуела (или барем различни методи на свирење):
- Вихуела де мано — 6 или 5 парни жици свирена со прсти
- Вихуела де пењола — свирена со перце
- Вихуела де арко — свирена со гудало (предок на виола да гамба)
Штимање на вихуела де мано со 6 парни жици (44344):
- G C F A D G
- C F Bb D G C
Употребата на вихуелата бледнеела, заедно со комплексната полифонска музика на нејзиниот репертоар, во доцниот XVI век. Потомокот на вихуелата кој сеуште се свират е т.н. виола кампаниса во Португалија. Барем дел од улогата и функцијата на вихуелата била подоцна преземена од барокната гитара. Денес вихуелата се користи за изведба на рана музика, со современи реплики на историски оригинали.
[уреди] Изработка
Вихуелата е од лесна конструкција со рамни тенки даски, свиткани или закривени по потреба. Овој метод на изработка го разликувал инструментот од претходните вакви инструменти кои биле длабени од еден блок дрво. Покрај ова, страните и дното на обичните инструменти се правеле од повеќе виткани даски кои потоа се лепеле заедно.
Вихуелата се правела во различни големини, како семејество инструменти. Тое се гледа и по репертоарот за различно наштиман дует, или пак едногласна изведба.
Инструментот варирал по изглед — речиси не постоела стандардизација или масовно производство. Општо земено, вихуелата изгледала слично на денешната гитара. Првата генерација на вихуели во средината на XV век имале остро вдлабнати страни, нешто како кај виолините. Втората генерација пак, започнувајќи од околу 1490 год, веќе го имала денес познатиот облик на бројот 8. И покрај ова моделите со „струк“ се користеле и во XVI век, заедно со поновите модели. Многу од раните вихуели имале есктремно долги вратови, додека други имале пократки. Исто така во голема мера варирале украсите на врвот, бројот, обликот и поставеноста на резонантните дупки, отворите, длабените розети и др. Се користеле и повеќе стилово на глави.
Вихуелата се грифира (свири со горна рака) слично како лејтите, со подвижни стапала завиткани околу грифот. Меѓутоа вихуелата има десет стапала, додека лејтите само седум. За разлика од денешните гитари, кои користат челични или бронзени жици, вихуелата има жици од црева, во парови. Звучноста на овие жици е многу различна од металните - помека и поблага. Шестожичената вихуела се оптегнува на два начина: со 12 во 6 пара, или 11 двојни и една единечна најнапред, за највисок тон. Ваквите неспарени жици ги наоѓаме и кај лејтата и други рани гитари (ренесансна и барокна гитара).
[уреди] Репертоар
Првиот кој издал музика за вихуела бил шпанскиот композитор Луис де Милан, под насловот Libro de música de vihuela de mano intitulado El maestro (Музичка книга за вихуела де мано со наслов „Мајстор“) во 1536. За нотација тука била користена нумеричка таблатура, модел за денешната гитарска таблатура. Музиката лесно се изведува на денешна гитара со стандардно штимање (44434), или со мал осврт на класичното штимање на лејта и вихуела (44344).
Еве ги сите испечатени книги со музика за вихуела кои се останати денес:
- El Maestro од Луј де Милан (1536)
- Los seys libros del Delphin од Луис де Нарваез (1538)
- Tres Libros de Música од Алонсо Мудара (1546)
- Silva de sirenas од Енкрикез де Валдерабано (1547)
- Libro de música de Vihuela од Диего Писадор (1552)
- Orphénica Lyra од Мигуел де Фуенљана (1554)
- El Pamasso од Естеван Даса (1576).
[уреди] Сочувани инструменти
Постојат само три сочувани вихуели:
- добро познатиот пример во музејот Жакемар-Андре, по име 'Гвадалупе'
- скоро пронајдениот 'Шамбур' во Париз
- еден во Квито, Еквадор.
[уреди] Белешки
↑ Зборовите вихуела и виола се етимолошки сродни.
[уреди] Наводи
- Ian Woodfield. "The Early History of the Viol", Cambridge University Press, 1984 (историја на вихуелата, виола да гамба и гудачка вихуела)
[уреди] Медија
Фантазија 13 (инфо)
- од Луис де Милан
- Не можете да ја чуете датотеката? Видете медија-помош.
[уреди] Надворешни врски
- vihuelademano.com Александар Батов, изработувач на вихуели и истражувач (англиски)
- За обновата на вихуелата во XX век (англиски)
- Слики (англиски)