Грчки јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Грчки јазик Ελληνική γλώσσα |
|
---|---|
Се говори во: | Грција, Кипар |
Реон: | Југоисточна Европа |
Општ број на говорници: | 15 милиони |
Ранглиста: | 74 позиција |
Класификација | Индоевропски Грчки |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Грција, Кипар, Европска Унија |
Контролиран од: | --- |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | el |
ISO 639-2 | gre (B) / ell (T) |
SIL | GRK |
Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индо-европски јазик кој се користи во денешна Грција, а исто така и во медицината.
Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.
Грчкиот е официјален јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението. Заедно турскиот јазик, грчкиот е официјален и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20те официјални јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.
[уреди] Потекло
Грчкиот јазик има документирана историја стара околу 3.000 години, подолго од било кој индо-европски јазик. Постојат податоци дека грчкиот јазик бил зборуван во Микена уште од 15 и 14тиот век п.н.е. што го прави еден од најстарите јазици - од него постари се само Ведскиот Санскрит и јазиците на Анадолија. Старогрчкиот јазик во своите различни форми е јазикот на класичната грчка цивилизација и на првобитното европско христијанство, и претставувал прв или втор јазик во повеќе делови на Римската Империја. Се предава во школи и универзитети во многу земји за време на ренесансата и по неа. Современиот грчки, кој се разликува во многу погледи од старогрчкиот се уште е препознатлив како ист јазик (со мали разлики), активно е зборуван од околу 12 милиони луѓе ширум светот, повеќето од кои живеат во Грција. Грчкиот јазик традиционално се пишува со посебната грчка азбука - првата азбука што воведува самогласки. Грчката азбука постои од 9 век п.н.е.
[уреди] Карактеристики
Грчкиот јазик има комплексна граматика. Таа вклучува девет глаголски времиња, четири падежи (Номинатив, Акузатив, Генитив и Вокатив) и три рода (машки, женски и среден). Карактеристично за именките во грчкиот јазик е што тие секогаш се пишуваат со кореспондирачкиот член за родот на кој таа именка припаѓа. Дури и множинските форми имаат различна форма на членот во зависност од родот (за разлика од некои индо-европски јазици како германскиот во кој членот на множинската форма е ист за сите родови). Исто така личните заменки во трето лице еднина и множина варираат во зависност од родот.