Де факто
Од Википедија, слободна енциклопедија
Де факто (на латински De-Facto), во толковниот македонски јазик се дефинира со зборовите: всушност, во реалност. Правната терминологија го користи за да ја објасни состојбата помеѓу она што е дефинирано во правниот кодекс (Де јуре на латински De iure), и состојбата која е реално отсликана во социо-политичкиот живот.