Латински јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Латинскиот јазик (lingua latina) е индоевропски јазик, оригинално го зборувале Латините, италско племе кое живеело во регионот околу Рим наречен Лациум. Латинскиот јазик припаѓа на кентум групата. Стекнува голема важност како формален јазик на Римската Империја. Сите романски јазици потекнуваат од латинскиот, (поточно од вулгарниот латински јазик, односно народниот говор) и многу зборови базирани на латинскиот јазик можат да се најдат во другите модерни јазици, како што е англискиот јазик.
Содржина |
[уреди] Потекло и важност
Латинската азбука, која произлегува од грчката азбука, е најкористена азбука (алфабета) во светот. Околу 80% од англиските зборови потекнуваат од латинскиот (во голем број на случаи, преку францускиот јазик). Понатаму, во западниот свет, латинскиот бил лингва франка, учениот јазик за научните и политичките работи, во период од повеќе од илјада години, за на крајот да биде заменет од францускиот во 18 век и англискиот јазик во 19 век. Црковниот латински јазик останува формален јазик на Римската Католичка Црква и е официјален национален јазик на Ватикан. Црквата го користела латинскиот како нејзин основен литургиски јазик се до Вториот Ватикански собир во 60тите. Латинскиот јазик исто така се користи за да се дадат имиња во научната класификација на живите суштества.
[уреди] Особини
Главните фонетски особини на латинскиот јазик се: губење на кратките вокали во средните слогови, монофтонгизација на дифтонзите (incido : caedo), упростување на консонантските групи (locus < stlocus). Морфолошки црти: губење на дуал, на оптативот (оптативот се слеал со коњуктивот), на аористот и медијот. Во синтаксата: субординација, хипотакса, т.е. зависните реченици се подредуваат на главната реченица, консекуција (сложување) на времињата, реченичната интонација се одликува со нагласување на глаголите кои обично стојат на крајот на реченицата. Во лексиката има доста реченици од другите италски јазици и од грчкиот, понатаму етрурскиот и келтскиот јазик.
[уреди] Изговор
Во изворниот латински јазик c се изговарало како k (Cicero = Kikero), t како t (amicitia = amikitia), s — како s (rosa). Меѓутоа денеска латинските текстови се читаат на различни начини: Cicero се изговара како: Цицеро, Чичеро, Сисеро; amicitia — како: амицициа, амичициа, амисисиа; rosa — каkо роза итн.