Дождовна шума
Од Википедија, слободна енциклопедија
Дождовните шуми можат да бидат тропски или умерени. Заедничко на овие два типови им е што добиваат минимално 1750 mm-2000 mm на дожд годишно. Тропските дождовни шуми се наоѓаат близу екваторот, а умерените дождовни шуми се на поголемо растојание север или југ од екваторот, како на пример Аљаска и Нов Зеланд.
Земјиштето во дождовната шума е изолирано од сонцето. На ова (најниско) ниво нема многу растенија, што му дозволува на човек лесно да се движи во ваквите предели. Сите растенија во дождовните шуми се борат да се пробијат и да стигнат поблизу до врвот каде што се сончевите зраци.