Долно Перово
Од Википедија, слободна енциклопедија
Долно Перово е село во Општина Ресен.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Долно Перово |
Општина: | Општина Ресен |
Население: | околу 200 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | - |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Рамничарско село кое се наоѓа покрај три повремени реки. Надморска висина 854 метри. Се наоѓа на северниот брег на Преспанското Езеро. Точно на раседната линија помеѓу Шарски и Родопски планински систем.
[уреди] Историja
[уреди] Економија
Производство на јаболко и рибарство. Во минатото луѓето се занимавале со рибарство и плетење на трска за градби. Жителите се занимаваат со земјоделие и прочуен е перовскиот грав.
[уреди] Демографија
[уреди] Општествени институции
Во ова село моментално нема училиште, меѓутоа постоеше едно од најстарите основни училишта во Преспа уште од крајот на 19 век, најпрвин лоцирано до селската црква а подоцна дислоцирано во центарот на селото.
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
Перовската трска богата со над сто видови на птици во чии атар се наоѓа орнитолошкиот резерват Езерани. Црквата св.Атанасиј Велики е почанат 1869 а завршена 1876 година. Во неа може да се види прекрасен иконопис од мијачки најстори.
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
Моменталниот министер за локална самоуправа Зоран Коњановски е од ова село. Ова село дало и четири магистри, едниот е Илија Чавкаловски со своите трудови за водостојот на Преспанското езеро, другиот е Џуровски Живко со своите трудови околу рибниот фонд во Преспанското Езеро, Митко Царовски магистер на економски науки и Сандре Нонкуловски магистер по економски науки. Од ова село потекнува позната пејачка Тања Царовска која ги пееше насловните нумер на филмовите Александар Македонски, Одисеј и Пасија.
[уреди] Култура и спорт
ФК Рибар - кој се натпреварува во општинската лига и кој беше првак на општинската лига во ресен во 1972 година и повторно 1981 година.
[уреди] Иселеништво
Ова село има доста иселеници во САД, Канада, Австралија, Шведска, Данска, Норвешка