Жидилово
Од Википедија, слободна енциклопедија
Жидилово е село во Општина Крива Паланка.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Жидилово |
Општина: | Општина Крива Паланка |
Население: | 350 жители |
Поштенски број: | 1335 |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 800-1000 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Село Жидилово се наоѓа источно од градот Крива Паланка, во непосредна близина на магистралниот пат Г-8 во правец на граничниот премин Деве Баир, на оддалеченост од 7 километри од градот.
[уреди] Историja
Не се познати точни податоци за настанокот на селото, но потврдено е дека уште во времето на Османлиската Империја во 16 век, на оваа лoкација се наоѓaле неколку куќи и воденици по течението на Крива Река, а местото се именувало со името Црквиште. Во периодот на Кралството на Србите, Словенците и Хрватите, местото потпаѓа под Вардарската Бановина и е општина, вклучувајќи ги во себе и околните села Кркља, Узем, Трново и Костур. Во тој период, наставата во тогашното основно училиште се изведува исклучиво на српски јазик. Во периодот на Втората светска војна, селото, како и Градот Крива Паланка, заедно со целиот источен дел на тогашна Вардарска Бановина, потпаѓа под бугарска власт. Постарите селани се уште се сеќаваат на жестоките бомбардирања на селото од страна на бугарски воени авиони. По ослободувањето на тероторијата, во која биле вклучени голем број на локални жители, селото е дел од Општина Крива Паланка, во рамките на СРМ (СФРЈ). Во периодот по ослободувањето, селото го доживува својот процут, како средиште на образовниот, културниот и уметничкиот живот источно од Крива Паланка. Во рамките на тогашното централно основно училиште ‘‘Јосип Броз Тито‘‘ функционира училишна задруга, во рамки на која учениците ги изразуваат своите способности во голем број на области. Неколку години по ред, училиштето е наградувано на федерално ниво, за најдобра ученичка задруга во Југославија. Од 1995 година, училиштето е преименувано во подрачно основно училиште ‘‘Јоаким Крчовски‘‘.
[уреди] Економија
Во селото најзастепено е сточарството, пред се одгледувањето на ситен добиток. Пред извесно време работеше и предилница (килимара) која подоцна беше претворена во погон за монтажа на моторцикли на електричен погон. Воглавно, населението егзистира од производство на компир и други производи и од блискиот рудник Тораница, кој неодамна се рестартира. Се до воведувањето на визи од страна на соседна Република Бугарија, мнозинството од населението својата егзистенција ја наоѓаше и во пренесувањето на роба преку граничниот премин.
[уреди] Демографија
Во селото живеат стотина фамилии (околу 350 жители). Освен Македонци, не се познати други националности.
[уреди] Општествени институции
Во селото работи подрачно основно училиште ‘‘Јоаким Крчовски‘‘, во кое од прво до осмо одделение учат околу 90 ученици, како од Жидилово, така и од околните села Узем, Кркља и Трново. По пожарот во 2003 година, од кој беше зафетен дел од училиштето, истото беше целосно реновирано.
[уреди] Администрација и политика
Во селото има пошта и матична служба. Во рамки на локалната самоуправа, егзистира и работи Месна заедница Жидилово, која се занимава со локалните проблеми на населението.
[уреди] Културни и природни знаменитости
Во близина на основното училиште неодамна е поставена спомен плоча на паднатите борци против бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна.
[уреди] Редовни настани
Секоја година, по повод празникот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на 24-ти мај се одржува сенароден собир, проследен со пригодна културноуметничка програма, која ја приготвуваат учениците од основното училиште, во соработка со КУД ‘‘Карпош‘‘ од Крива Паланка.