Комо
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
Комо (италијански: Como или Comm на локалниот дијалект на ломбардскиот јазик) е град во Ломбардија, Италија, 45 km северно од Милано. Градот се наоѓа на брегот на Комското езеро и е главен град на провинцијата Комо.
Содржина |
[уреди] Историја
Брдата околу денешниот град била населени уште во праисторијата, барем од бронзеното доба. Југозападно од градот, на пошумените ридови можат да се забележат наоди кои сведочат за тие населби. Народот кој живеел во нив се нарекувал Оробии, кој бил келтско племе.
Околу I в. п.н.е. оваа територија подтпаднала под римска власт. Првиот центар се наоѓал на околните ридови, но потоа бил преместен на неговата моментална местоположба оп наредба на Јулиј Цезар, кој го исушил мочуриштето близу ужниот крај на езерото и го поставил планот на крепосниот град по типичниот шаблон на улици под прав агол. Новооснованиот град бил наречен Новум Комум и носел титула на муниципиум.
Во 774, градот се предал на франките под водство на Карло Велики, и станал трговски центар.
Во 1127 Комо бил поразен по десетгодишна војна со соседниот град Милано. По неколку децении, со помош од Фредерик Барбароса, комаските се осветиле со тоа што го срамниле градот Милано (1162). Барбароса ја подржал изградбата на неколку обрамбени кули околу градот, од кои денес постои само една, наречена Барадело.
Одтогаш, па натаму историјата на Комо ја следело историјана на војводството Милано, преку француската инвазија, потоа шпанската доминација сè до 1714, кога територијата потпаднала под австриска власт. Наполеон дошол во Ломбардија во 1796 и владеел со неа сè до 1815, кога та повторно потпаднала под австриска власт со Виенскиот конгрес. Најпосле, во 1859, со доаѓањето на Џузепе Гарибалди, градот се ослободува од австријците и станува дел од новоформираното Кралство Италија под водство на Савојската династија.
На крајот на Втората Светска војна, со неговото поминување низ градот во бегството за Швајцарија, Мусолини бил заробен и застрелан од локалните партизани во Џулино ди Мецегра, паланка на северниот брег на Комското езеро.
[уреди] Главни туристички атракции
[уреди] Знаменитости
- Дуомо, изградена помеѓу XIV и XVIII в. Поврзана е со античкото градско собрание на градот, нареечено „Бролето“.
- Сан Феделе, романескна црква од XII в.
- Бролето (античкко градско собрание)
- Романескната црква Сант Абондио. Содржи прекрасни слики од XI в.
- Каза дел Фаскио, најславното дело на Џузепе Терањи. Рана знаменитост на современата архитектура.
- Монументо аи Кадути (од Џузепе Терањи)
- Театро Социјале (од Џузепе Куси)
- Вила Олмо (излагања)
- Древни ѕидови (средновековни)
- Кастело Барадело, мал средновековен замок.
[уреди] Музеи
- Мусеи Цивичи
- Мусео Аркеологико „П. Џовио“
- Мусео Сторико
- Пинакотека
- Темпио Волтијано, музеј посветен на делата на Алесандро Волта
- Мусео дела Сета
- Мусео Ликео класико „А. Волта“
- Вила Олмо (излагања)
[уреди] Славни лица
- Плиниј Постариот
- Плиниј Помладиот
- Папа Инокентиј XI
- Алесандро Волта
- Џузепе Терањи
- Џанлука Замброта
[уреди] Стопанство
Комското стопанство е традиционално индустриско - градот уживал светска слава заради производството на свилата . Во последно време туризмот е сè повеќе значајна гранка. Многу познати личности имаат куќи на бреговите на Комското езеро, како на пример Мадона, Џорџ Клуни, Версаче и Силвестер Сталоне. Ова значително го има зголемено меѓународниот профил на местото.
[уреди] Универзитет
- Университа дељи студи дел'Инсубрија - поло ди Комо (веб-сајт)
- Политекнико ди Милано - поло ди Комо (веб-сајт)
[уреди] Превоз
Сервизио Феровиаријо Регионале го поврзува Комо со воз со другите поглавни места во Ломбардија (R линии). Услугите ги вршат Трениталија и Феровие Норд Милано и постојат две главни станици: Комо С. Џовани (Трениталија) и Комо Лаго (Феровие Норд Милано). Има уште една градска станица опслужувана од Трениталија (Албате) и три други градски станици опслужувани од Феровие Норд Милано (Комо Борги-Университа, Комо Камерлата и Грандате Бречија).
Најблиските аеродроми се Милано Малпенса и Лугано Ањо. До Милано Маплпенса се стигнува за 1 час со автобус или воз (Феровие Норд Милано), со промена на воз во Сароно.
[уреди] Видете исто така
- Комско езеро
- Комум
- Плиниј Помладиот