Латвиски јазик
Од Википедија, слободна енциклопедија
Латвиски, летонски јазик (Latviešu valoda) | |
---|---|
Се говори во: | Летонија |
Реон: | Североисточна Европа |
Општ број на говорници: | 1,4 милиони |
Ранглиста: | По 100-та позиција |
Класификација: | Индоевропски Балтички |
Официјална положба | |
Официјален јазик: | Летонија, Европска Унија |
Контролиран од: | --- |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | lv |
ISO 639-2 | lav |
SIL | LAT |
Латвискиот јазик (латвиски: latviešu valoda), понекогаш именуван како летонски јазик е официјален државен јазик на Република Летонија. Го говорат како мајчин јазик околу 1,4 милиони говорници во Латвија (Летонија), и околу 150,000 низ светот.
Латвискиот јазик припаѓа на Источно Балтичката подгрупа на Балтичката група на јазици во Индо-Европското јазично семејство, и не ниту германски, ниту словенски јазик. Од Балтичките јазици, само летонскиот и литванскиот сеуште опстојуваат. Иако овие два јазика се поврзани, нивните речници значајно се разликуваат.
Латвискиот е нефлексивен јазик со неколку аналитички форми, три дијалекти и Германско синтаксичко влијание. Има два граматички рода во овој јазик. Секоја именка се деклинира во седум падежи: номинатив, генитив, датив, акузатив, инструментал, локатив и вокатив.