Листа на фараони
Од Википедија, слободна енциклопедија
Династии на фараони на Стариот Египет |
Прадинастички Египет |
Протодинастички период |
Ранодинастички период |
I • II |
Старо Кралство |
III • IV • V • VI |
Прв преоден период |
VI • VIII • IX • X |
XI (само Теба) |
Средно Кралство |
XI (Цел Египет) |
XII • XIII • XIV |
Втор преоден период |
XV • XVI • XVII |
Ново Кралство |
XVIII • XIX • XX |
Трет преоден период |
XXI • XXII • XXIII • XXIV • XXV |
Доцен Период |
XXVI • XXVII • XXVIII |
XXIX • XXX • XXXI |
Македонско-римски период |
Александар Македонски |
Птоломеи |
Римски |
Листа на фараони |
Оваа статија содржи листа на фараони на Стариот Египет, од ранодинастичкиот период пред 3000 п.н.е. па сѐ до крајот на Птоломејската династија, кога Египет станал римска провинција под водство на Октавијан Август во 30 п.н.е.
Важно е да се спомене дека речиси сите дадени години се приближни. Датирањето во египтологијата има разни системи, зависно од нивната структура и претпоставки. Ова е една таква интерпретација, но сигурно не и единствената.
Содржина |
[уреди] Архаичен период
Во Архаичниот период спаѓаат т.н. Ранодинастички период, кога Долен Египет и Горен Египет биле засебни кралства, како и Првата и Втората династија
[уреди] Ранодинастички период: Долен Египет
Долен Египет, наречен уште и Црната Земја, го зафаќал северниот дел на реката Нил и неговото устие. Оваа листа можеби не е целосна:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Тиу | — | ? |
Теш | — | ? |
Хсекиу | — | ? |
Вазнер | — | ц. 3100 п.н.е.? |
[уреди] Ранодинастички период: Горен Египет
Горен Египет, наречен уште и Црвената Земја, го зафаѓал јужниот дел на реката Нил и пустините. Оваа листа можеби не е целосна (има уште многу за кои не се знае дали постоеле):
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Серкет I | Најстара гробнца кај Ум ел-Кааб имала бележја со шкорпии | ц. 3200 п.н.е.? |
Ири-Хор | кралствувањето е несигурно | ц. 3150 п.н.е? |
Ка | — | ц. 3100 п.н.е. |
Крал Шкорпија | Можеби се изговарало како Серкет, но ова не е сигурно; можеби тој е иста личност што и Нармер. | ц. 3100 п.н.е. |
Нармер | Кралот кој ги соединил Горен и Долен Египет | ц. 3100 п.н.е. |
[уреди] Прва династија
Првата династија која владеела од ц.3050 п.н.е. до 2890 п.н.е.
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Менес | Можеби иста личност што и Нармер, Хор-Аха, Серкет II, или било која комбинација на тројцата. | зависно од идентитетот |
Хор-Аха | Обединувачот на Горен и Долен Египет (дискутабилнно). | ц. 3050 п.н.е. |
Џер | — | 41 година |
Мернејт | Регент наместо Ден | — |
Џет | — | 23 години |
Ден | — | 14 до 20 години |
Анеџиб | — | 10 години |
Семерхет | — | 9 години |
Каа | — | 2916?–2890 п.н.е. |
[уреди] Втора династија
Втората династија владеела од 2890 до 2686 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Хотепсехемви | — | 2890–? |
Ранеб | — | 39 години |
Нинечер | — | 40 години |
Унег | — | 8 години |
Сенеџ | — | 20 години |
Сет-Перибсен | — | 17 години |
Сехемиб-Перенмаат | — | |
Хасехемуи | ?–2686 п.н.е. | 17 до 18 години |
[уреди] Старо Кралство
Старото Кралство е период во третиот милениум п.н.е. кога Египет се здобил со првиот постојан цут на цивилизациска комплексност и достигнувања (првото од трите периоди наречени „Кралства“ кои го одбележуваат врвот на развитокот на цивилизацијата во долината на Нил), кое се протега од периодот кога Египет го владеела Третата династија, па сѐ до Шестата династија (2630–2151 п.н.е.). Многу египтолози тука ја придодаваат и Мемфиската Седма и Осмата династија на Старото Кралство како континуитет на управувањето централизирано во Мемфис. По Старото Кралство следел период на неединство и и релативен културен пад кој египтолозите го нарекуваат Прв преоден период -- или, како што египјаните го нарекувале, „првото боледување“.
Кралската престолнина за време на Старото Кралство била Мемфис, каде Џосер го воспоставил својот двор. Старото Кралство е веројатно најпознато по големиот број на изградени пирамиди. Затоа, Старото Кралство често се нарекува „Добата на пирамидите“.
[уреди] Трета династија
Третата династија владеела од 2686 до 2613 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Санахт | — | 2686-2668 |
Џосер | Ја порачал изградбата на скалестата пирамида од архитектот Имхотеп | 2668–2649 |
Сехемхет | — | 2649–2643 |
Хаба | — | 2643–2637 |
Хуни | — | 2637–2613 |
[уреди] Четврта династија
Четвртата династија владеела од 2613 до 2498 п.н.е. и во неа спаѓаат фараоните по чии наредби се изградени големите пирамиди - Хуфу (Кеопс), Хафр (Кефрен) и Менкаур (Микерин).
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Снеферу | Тој ја изградил Свитканата пирамида, која е приамида изградена под нормален агол при дното но која драстично го менува аголот при врвот. Тој исто така ја изградил првата „вистинска“ пирамида, позната како Црвената пирамида. Некои сметаат дека тој бил погребан во Црвената, додека некои сметаат дека бил погребан во Свитканата пирамида. Во црвената пирамида се најдени мошти, но нема докази дека тоа е неговото тело. | 2613–2589 |
Хуфу | старогрчки: Кеопс. Ја изградил големата пирамида кај Гиза. Раните извори велат дека тој бил „трет“ владетел од неговото семејство, иако сеуште нема записи за постоење на фараон помеѓу Снеферу и Хуфу. Една претпоставка е дека можеби некој постар брат на Хуфу владеел многу кратко време, чии натписи, име и споменици ги снемало од некоја причина. | 2589–2566 |
Џедефр (Раџедеф) | — | 2566–2558 |
Хафр | старогрчки: Кефрен | 2558–2532 |
— | тука некои стручњаци го вметнуваат Бихерис, по Мането | — |
Менкаур | старогрчки: Микерин | 2532–2503 |
Шепсескаф | – | 2503–2498 |
— | тука некои стручњаци го вметнуваат Тамптис, по Мането | — |
[уреди] Петта династија
Петтата династија владеела од 2498 до 2345 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Усеркаф | — | 2498–2491 |
Сахур | — | 2487–2477 |
Нефериркар Какаи | — | 2477–2467 |
Шепсескар Иси | — | 2467–2460 |
Неферефр | — | 2460–2453 |
Ниусер Ини | — | 2453–2422 |
Менкаухор Каиу | — | 2422–2414 |
Џедкар Исеси | — | 2414–2375 |
Унас | — | 2375–2345 |
[уреди] Шеста династија
Шестата династија владеела од 2345 до 2181 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Тети | — | 2345–2333 |
Усеркар | — | 2333–2332 |
Пепи I | — | 2332–2283 |
Меренр I | — | 2283–2278 |
Пепи II | — | 2278–2184 |
Меренр II | Несигурен фараон. | 2184 |
Нитикрет | Претпоставен женски владетел. | 2184–2181 |
[уреди] Прв преоден период
Првиот преоден период е периодот помеѓу крајот на Старото Кралство и доаѓањето на Средното Кралство.
Старото Кралство стрмо пропаднало по смртта на Пепи II. ТОј владеел цели 94 години, подолго од било кој друг монарх во историјата, и умрел кога имал 100 години. Подоцнежните години од неговото владеење се одликуваат со неефикасност заради неговата старост.
Обединетите кралства се разделиле на повеќе делови и владетелите морале да се справуваат со гладот како резултат на овој распад.
Околу 2160 п.н.е., нова низа фараони пробале повторно да го обединат Долен Египет од нивната престолнина Хераклеполис Магна. Меѓутоа во меѓувреме, соперничка низа фараони базирана во Теба повторно го обединувала Горен Египет и судирот помеѓу овие две династии бил неизбежен.
Околу 2055 п.н.е., потомок на фараонот Интеф III ги поразил Хераклеполските фараони, ги обединил двете земји, ја основал Единаесеттата династија и владеел како Ментухотеп II, првиот фараон на Средното Кралство.
[уреди] Седма и Осма династија (заедно)
Седмата и Осмата династија владееле од 2181 до 2160 п.н.е.. (Оваа табела се базира на Абидоската табела од храмот на Сети I, преземена од www.narmer.pl/main/abydos_en.html)
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Неферкар I | - | |
Неферкар Неби | - | |
Џедкар Шемаи | - | |
Неферкар Хенду | - | |
Некои стручњаци тука го вметнуваат Меренхор | ||
Неферкамин Сенеферка | - | |
Никара | - | |
Неферкара Тереру | - | |
Неферкахор | - | |
Неферкара Пеписенеб | - | |
Неферкамин Ану | - | |
Какар Иби | - | |
Неферкара II | - | |
Неферкавхор Хувихап | - | |
Нефериркара | - |
[уреди] Деветта династија
Деветтата династија владеела од 2160 до 2130 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Мерјибр Хети (Актохое I) | — | 2160– ? |
Марибр Хети II | — | ? |
Неферкар III | — | ? |
Небкаур (Актхое II) | — | ? |
Сетут | — | ? |
Вахар I | — | ? |
Мерикар | — | ? |
Ванхар II | — | ? |
Менетуп I | — | ? |
Ванхар III | — | ? |
Хети II | — | ? |
Ќерка на Хети II | — | ? |
Ќерка на Мерикар | — | ? –2130 |
[уреди] Десетта династија
Десеттата династија била локална група која го занишала Долен Египет - владеела од 2130 до 2040 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Мерихатор | — | 2130– ? |
Неферкар IV | — | ? |
Ванкар (Актохое III) | — | ? |
Мерикар | — | ? |
— | — | ? –2040 |
[уреди] Единаесетта династија
Единаесеттата династија била локална група која влечела корени од Горен Египет - владеела од 2134 до 1991 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Интеф I | — | 2134–2117 |
Интеф II | — | 2117–2069 |
Интеф III | — | 2069–2060 |
Небхетепр Ментухотеп I | Го добил цел Египет во 2040, почеток на Средното Кралство. | 2060–2010 |
Санхкар Ментухотеп II | — | 2010–1998 |
Небтавир Ментухотеп III | — | 1997–1991 |
[уреди] Средно Кралство
Средното Кралство е период од крајот на Првиот преоден период до почетокот на Вториот преоден период. Покрај Свенаесеттата династија, некои стручњаци ја ставаат Единаесеттата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата династија во Средното Кралство. Средното Кралство се одликува со експанзија на трговијата вон самото кралство. Ова отворено тргување довело до падот на Средното Кралство, потикнат од инвазија од Хиксоси.
[уреди] Дванаесетта династија
Дванаесеттата дијастија владеела од 1991 до 1802 п.н.е. која подоцна египјаните ја сметале за најдобрата династија.
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Аменемхат I | — | 1991–1962 |
Сенусрет I (Сесострис I) | — | 1971–1926 |
Аменемхат II | — | 1929–1895 |
Сенусрет II (Сесострис II) | — | 1897–1878 |
Сенусрет III (Сесострис III) | Најмоќниот фараон на Средното Кралство. | 1878–1860 |
Аменемхат III | — | 1860–1815 |
Аменемхат IV | Барем една година владеел задно со некој друг според напис кај Коносо. | 1815–1807 |
Собекнеферу | Редок женски владетел. | 1807–1803 |
[уреди] Втор преоден период
Вториот преоден период е период на неред помеѓу крајот на Средното Кралство и почетокот на Новото Кралство. Периодот е најпознат како времето во кое Хиксите се појавиле во Египет, чии владеења се состоеле од Петнаесеттата и Шеснаесеттата династија.
Тринаесеттата династија била многу послаба од Дванаесеттата династија и неможела да го задржи Египет во целост. Провинцијалното владеачко семејство во Ксоа, кај мочуриштата на западното устие, се отцепило од централната власт и ја формирало Четиринаесеттата династија.
Хиксите за прв пат се појавиле за време на владеењето на Собехотеп IV, кои околу 1720 п.н.е. ко зазеле градот Авара (денешен Тел ед-Даба/Хатана). Хиксите, под водство на Салита, основачот на Петнаесеттата династија, го зазел Египет за време на Дудимос I.
Во времето кога Мемфис потпаднал под власта на Хиксите, египетската владејачка династија во Теба објавила независност и се вопоставила како Седумнаесеттата династија. Пподоцна оваа династија ги потисната Хиксите назад во азија.
[уреди] Тринаесетта династија
Тринаесеттата династија (според Торинскиот папирус) владеела од 1803 до околу 1649 п.н.е. и истрајала 153 или 154 години според Мането.
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Сехемр Хутави Собехотеп или Вегаф | Основач на 13-тата династија. За неговото влаадеење сведочат неколку Нилски записи и папируси. | 1803–1799 4 год. |
Сехемкар | Аменемхат V Сенебеф, брат на Сехемра Хутави. 3 год. | — |
Аменемхат | — | 1795–1792 |
Сехетепр | — | ? –1790 |
Јуфни | — | ? |
Сеанхибр | — | ? |
Семенкар | — | ? |
Сехетепр | — | ? |
Севаџкар | — | ? |
Неџемибр | 7 месеци | ? |
Собехотеп I | — | ? |
Ренсенеб | 4 месеци | ц. 1775 |
Хор | — | ц. 1775 |
Сеџефакар | Добро познат крал запишан на неколку стели и други документи. | ц. 5 до 7 год. |
Сехемра Хутави Собехотеп | Споредете Вегаф | ц. 1767 |
Хенџер | Најмалку 4 години и 3 месеца | ц. 1765 |
Имиремешав | — | ? |
Антеф V | — | ? |
Собехотеп III | 4 години и 2 месеца | ц. 1755 |
Неферхотеп I | 11 години | 1751–1740 |
Собехотеп IV | 10 или 11 години | 1740–1730 |
Собехотеп V | — | ц. 1730 |
Вахибр Ибиау | 10 години и 8 месеци | ц. 1725–1714 |
Мернефер Аи | 23 години и 8 месеци | ц. 1714–1691 |
Мерхетепр Ини | 2 годинии 2 месеца | ? |
Сеанхенр Севадчев | — | ? |
Мерсехемр Инед | — | ? |
Севаџкар Хори | — | ? |
Местото на следниве кралеви е несигурно:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Дудимос I | — | ц. 1654 |
Дудимос II | — | ? |
Сенебмив | — | ? |
Ментухотеп V | — | ? |
Сенаајеб | — | ? |
[уреди] Четиринаесетта династија
Четиринаесеттата династија била локала група од источното устие, базирана во Ксоа (Авара), која владеела од околу 1705 до околу 1690 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Нехеси | — | ц. 1705 |
Хахеревр ? | — | ? |
Небефавр | — | ц. 1704 |
Сехебр ? | — | ? |
Мерџефар | — | ц. 1699 |
Севаџкар ? | — | ? |
Небџефар | — | ц. 1694 |
Вебенр ? | — | ? |
? | — | ? |
—џефар ? | — | ? |
—вебенр | — | ц. 1690 |
Торинскиот папирус нѝ дава уште 25 имиња, некои нецелосни, и без ниеден датум. Ниедно од овие имиња не се јавуваат никаде другде, и сите се мошне сомнителни.
[уреди] Петнаесетта дианстија
Петнаесеттата династија се јавила од Хиксите: пустински бедуини кои дошле од Плодната полумесечина и воспоставиле краткотрајна управа врз Нилскиот регион, и владееле од 1674 до 1535 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Шеши | Владеел или 1 или 3 години | 1674- ? |
Јакубхер | - | ? |
Хиан | - | 30-40 години |
Апепи I | - | 40 или повеќе години |
Хамуди | - | ? -1535 |
[уреди] Шеснаесетта династија
Шеснаесеттата династија била колакна група базирана на северниот брег на Синајскиот полуостров (Пелусиум) и владеела од 1663 до околу 1555 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
- | името на првиот крал е загубено тука на Торинскиот папирус, и неможе да се поврати. | - |
Џехути (Сехемресементави) | – | 3 год. |
Собехотеп VIII (Сехемресеуосертави) | – | 16 год. |
Неферхотеп III (Сехемресанхтави) | – | 1 год. |
Ментухотепи (Санхенра) | – | 1 год. |
Небирирав I (Севаџенра) | – | 26 год. |
Небирирав II | – | 3 мес? |
– (Семенра) | – | 1 год? |
Бебианх (Севосеренра) | – | 12 год |
– (Сехемрешедвасет) | – | 3 мес? |
- | имињата на петте крала е загубени тука на Торинскиот папирус, и неможат да бидат повратени. | - |
Некои извори даваат дури шест други имиња – Семкен, Хаусер, Секет, Ахетепр, Аму и Небхепешр (Апепи III) – кои не се споменати никаде другде. Изгледа дека до 1555 п.н.е. оваа група сосема исчезнала.
[уреди] Седумнаесетта династија
Седумнаесеттата династија била базирана во Горен Египет и владеела од 1650 до 1550 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Рахотеп Сехемреваххав | - | 1650- ? |
Интеф V Постариот | - | 3 години |
Антеф VI Сехемревепмаат | - | ? |
Антеф VII Нубхепер | - | |
Интеф VIII Сехемрехерхермаат | - | - |
Собекемсаф IIСехемреваџхав | - | - |
Тути | - | 1 година |
Ментухотеп VI | - | 1 година |
Небирјеравет I | - | 6 години |
Небирјеравет II | - | ? |
Семенмеџатр | - | ? |
Севсеренр | - | 12 години |
Шедваст | - | ? |
Интеф VII | - | 3 или повеќе години |
Тао I Постариот (т.е. Сенахтенр) | - | ц. 1558 |
Тао II Храбриот | - | ц. 1558-1554 |
Камос | - | 1554-1549 |
[уреди] Ново Кралство
Новото Кралство е период кој ги покрива Осумнаесеттата, Деветнаесеттата и Дваесеттата династија од 16 век п.н.е. до 11 век п.н.е., помеѓу Вториот и Третиот преоден период.
Преку воената хегемонија во странство, за време на Новото Кралство Египет се протегал највеќе во својата историја. Државата се проширила длабоко во Нубија на југ, како и големи територии на Блискиот Исток. Египетските војски се бореле со хититските сили за превласт на денешна Сирија.
Двата најпознати крала од Новото Кралство се Ехнатон, познат и како Аменхотеп IV, чија исклучителна посветеност само на богот Атон се смета за прв пример на монотеизам, и Рамзес II, кој пробал да ги врати териториите на денешен Израел, Либан и Ситија кои Египет ги имал за време на Осумнаесеттата династија. Негговите походи резултирале со Кадешката битка, каде тој ја водел египетската војска против војската јна хитискиот крал Мватали II.
[уреди] Осумнаесетта династија
Осумнаесеттата династија владеела од 1550 до 1295 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Ахмос I, Ахмосис I | Наследник на Камос, погоре. | 1550-1525 |
Аменхотеп I | - | 1525-1504 |
Тутмос I | - | 1504-1492 |
Тутмос II | - | 1492-1479 |
Тутмос III | Често нарекуван „Наполеон на Египет“. Во раниот дел од неговото владеење него ко командувала неговата маќеа Хатшепсут; по нејзината смрт, тој познал да ја шири својата власт во Левант. | 1479-1425 |
Хатшепсут | Втората жена-владетел. Стаутите ја прикажуваат како маж, со лажна брада и без никаква трага на женственост. Причината за нејзината смрт е непозната. | 1473-1458 |
Аменхотеп II | - | 1427-1400 |
Тутмос IV | - | 1400-1390 |
Аменхотеп III | - | 1390-1352 |
Аменхотеп IV/Ехнатон | Основач на монотеизмот (атенизам) за кратко време. Неговото оригинално име значи „Амон е задоволен“. | 1352-1336 |
Сменхкар | Можен корегент на Ехнатон. | 1338-1336 |
Тутанкамон | Се смета дека бил син на Ехнатон; веројатно го вратил политеизмот во религијата. | 1336-1327 |
Хеперхепрур Еје | - | 1327-1323 |
Хоремхеб | Поранешен Генерален советник на Тутанкамон | 1323-1295 |
[уреди] Деветнаесетта династија
Деветнаесеттата династија владеела од 1295 до 1186 п.н.е. и во неа спаѓаа еден од најголемите фараони: Рамзес II Велики:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Рамзес I | - | 1295-1294 |
Сети I | - | 1294-1279 |
Рамзес II Велики | Овој владетел обично се споменува во контекст на Мојсеј, иако за ова нема докази. Тој се израмнил со хититите at во Кадешката битка во 1275 п.н.е. и по ова „статус кво“ морал да го потшише првиот мировен договор во историјата (1258 п.н.е.) | 1279-1213 |
Мернептах | Мернептаховата стела ги опишува неговите походи во Либија и Палестина и за прв пат во историјата го споменува постоењето на израелитите. | 1213-1203 |
Аменмес | - | 1203-1200 |
Сети II | - | 1200-1194 |
Мернептах Сиптах | - | 1194-1188 |
Твосерт | Редок женски владетел. | 1188-1186 |
[уреди] Дваесетта династија
Дваесеттата династија владеела од 1185 до 1070 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Сетнахт | - | 1186-1183 |
Рамзес III | Се борел против Морските народи во 1175 п.н.е.. | 1183-1152 |
Рамзес IV | - | 1152-1146 |
Рамзес V | - | 1146-1142 |
Рамзес VI | - | 1142-1134 |
Рамзес VII | - | 1134-1126 |
Рамзес VIII | - | 1126-1124 |
Рамзес IX | - | 1124-1106 |
Рамзес X | - | 1106-1102 |
Рамзес XI | - | 1102-1069 |
[уреди] Трет преоден период
Третиот преоден период го одбележал крајот на Новото Кралство по колапсот на Египетската империја. Во овој период владееле разни династии сп либијско потекло, и затоа алтернативно овој период се нарекува Либијски период.
[уреди] Дваесет и прва династија
Дваесет и првата династија била базирана во Танис и била релативно слаба група. Во теорија, тие биле владетели на цел Египет, но фактички нивното влијание било ограничено на Долен Египет. Владееле од 1069 до 945 п.н.е.
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Несбанебџед I | Познат и како Смендес I ( Смендес ) | 1069-1043 |
Аменемнису | - | 1043-1039 |
Псусенес I | - | 1039-991 |
Аменемоп | - | 993-984 |
Осоркон Постариот | - *(Осочор) | 984-978 |
Сиамон | - | 978-959 |
Псусенес II | - | 959-945 |
[уреди] Дваесет и втора династија
Фараоните од Дваесет и втората династија биле либијци кои владееле од околу 945 до 720 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Шошенк I | Библискиот Шишак | 945-924 |
Осоркон I | - | 924-889 |
Шошенк II | - | 890-890/889 |
Такелот I | - | 889-874 |
Харсиес | Бунтовник, во Теба | 875-862 |
Осоркон II | - | 874-834 |
Шошенк III | - | 834-795 |
Шошенк IV | - | 795-782 |
Пами | - | 782-776 |
Шошенк V | - | 776-740 |
Осоркон IV | - | 740-720 |
[уреди] Дваесет и трета династија
Дваесет и третата династија била локална група, повторно од либијско потекло, базирана во Леонтополис која владеела од 836 до 720 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Такелот II | Претходно се сметал за фараон од 22-рата династија. Се смета за основачот на 23-тата. | 837-813 |
Педубаст | Бунтовник - ја зазел Теба од рацете на Такелот II | 826-801 |
Јупут I | - | 812-811 |
Шошенк VI | Наследник на Педубаст | 801-795 |
Осоркон III | Син на Такелот II - ја вратил Теба, а потоа се прогласил за крал. | 795-767 |
Такелот III | - | 773-765 |
Рудамун | - | 765-762 |
Јупут II | - | 762-728 |
[уреди] Либујци
Либујците не се сметаат за династија. Тие биле уште една група на западни номади (либијци) кои живееле на територијата на западното устие од 805 до 732 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Инамонифнебу | - | 805-795 |
? | - | 795-780 |
Ниуматепед | - | 780-755 |
Титару | - | 763-755 |
Кер | - | 755-750 |
Рудамон | - | 750-745 |
Анхор | - | 745-736 |
Тефнахт | - | 736-732 |
[уреди] Дваесет и четврта династија
Дваесет и четвртата династија била краткотрајна соперничка династија од западното устие (Саис), со само два фараона кои владееле од 732 до 720 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Тефнахт | - | 732-725 |
Бакенренеф (Бокорис) | - | 725-720 |
[уреди] Доцен период
Доцниот Период се протега од 732 п.н.е. до моментот кога Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Во него спаѓаат периодите во кои владееле нубијците, персијците и македонците.
[уреди] Дваесет и петта династија
Нубијците извршиле инвазија на Египет во 732 п.н.е. и го зазеле тронот, воспоставувајќи ја Дваесет и петтата династија која владеела сѐ до 656 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Пије | Крал на Нубија; о госвоил египет во 20-тата година од неговото владеење; го владеел барем 24 години, а можеби 30 или повеќе. | 752-721 |
Шабака | - | 721-707 |
Шебитку | Синхронизам со кралот на Асирија Саргон II нѝ дава датум на крунисување 707/706 п.н.е. | 707-690 |
Тахарка | - | 690-664 |
Тантамани | умрел 653 | 664-656 |
Овие на крајот биле потиснати назад во Нубија, каде тие создале кралство во Напата (656-590), и, подоцна, во Мерое (590 п.н.е. - 4 век н.е.)
[уреди] Дваесет и шеста династија
Дваесет и шестата династија владеела од околу 672 до 525 п.н.е..
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Нехо I | - | 672 – 664 п.н.е. |
Псаметих I | - | 664 – 610 п.н.е. |
Нехо II | - | 610 – 595 п.н.е. |
Псаметих II | - | 595 – 589 п.н.е. |
Вахибр | - | 589 – 570 п.н.е. |
Ахмос II | - | 570 – 526 п.н.е. |
Псаметих III | - | 526 – 525 п.н.е. |
[уреди] Дваесет и седма династија
Во 525 п.н.е. Персиската империја го освојува Египет и така тој станува дел од нивното царство сѐ до 404 п.н.е.. Ахеменидските шахови во ова доба биле признавани за фараони, така сочинувајќи ја „Дваесет и седмата“ династија:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Ксамбиз II | - | 525 – 521 п.н.е. |
Бардија Узурпаторот | - | 522 – 521 п.н.е. |
Дариј I Велики | - | 521 – 486 п.н.е. |
Ксеркс I Велики | - | 486 – 465 п.н.е. |
Артабан Хирканецот | - | 465 – 464 п.н.е. |
Артаксеркс I Долгоракиот | - | 464 – 424 п.н.е. |
Ксеркс II | претендент | 424 – 423 п.н.е. |
Зогдијан | претендент | 424 – 423 п.н.е. |
Дариј II | 424 – 404 п.н.е. |
[уреди] Дваесет и осма династија
Дваесет и осмата династија траела само 6 години, од 404 до 398 п.н.е., со само еден фараон:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Амиртеј | Потомок на Саитските фараони од Дваесет и шестата династија; водач на успешна буна против персијците. | 404 – 398 п.н.е. |
[уреди] Дваесет и деветта династија
Дваесет и деветтата династија владеела од 398 до 380 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Нефааруд I | Познат и како Неферит | 398 – 393 п.н.е. |
Псаммут | - | 393 п.н.е. |
Хакор (Ахорис) | - | 393 – 380 п.н.е. |
Нефааруд II | - | 380 п.н.е. |
[уреди] Триесетта династија
Триесеттата династија владеела од 380, па сѐ додека Египет пак не потпаднал под перискса власт во 343 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Нектанеб I | Познат и како Нехтнебеф | 380 – 362 п.н.е. |
Тахос | - | 362 – 360 п.н.е. |
Нектанеб II | - | 360 – 343 п.н.е. |
[уреди] Триесет и прва династија
Египет пак потпаднал под Ахеменидска Персија. По обичајот на Манетон, персиските владетели од 343 до 332 п.н.е. понекогаш се нарекуваат Триесет и прва династија:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Артаксеркс III | Египет потпаѓа под периска власт по втор пат | 343–338 п.н.е. |
Артаксеркс IV | Владеел само со Долен Египет | 338–336 п.н.е. |
Хабабаш | Водач на Нубијската буна во Горен Египет | 338–335 п.н.е. |
Дариј III | Горен Египет вратен под персиска власт во 335 п.н.е. | 336–332 п.н.е. |
[уреди] Аргеади
Македонците под водство на Александар Македонски го започнале т.н. „Македонски период“ (некаде нарекуван „Еленски период“) со освојувањето на Персија и Египет. Аргеадите владееле од 332 до 309 п.н.е.:
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Александар III Македонски | Македон ги освојува Персија и Египет | 332–323 п.н.е. |
Филип III Аридеј | слабоумен полубрат на Александар III Македонски | 323–317 п.н.е. |
Александар IV | Син на Александар III Македонски и Роксана | 317–309 п.н.е. |
[уреди] Птоломеи
Втората Македонска династија, Птоломеи владеела со египет од 305 п.н.е., до потпаѓањето на Египет под римска власт во 30 п.н.е. (годините се преклопуват, каде што имало корегенција):
Име | Коментар | Години |
---|---|---|
Птоломеј I Сотер | Абдицирал во 285 п.н.е.; умрел во 283 п.н.е. | 305–285 п.н.е. |
Береника I | Жена на Птоломеј I | ?-285 п.н.е. |
Птоломеј II Филаделф | - | 288–246 п.н.е. |
Арсиноја I | Жена на Птоломеј II | 284/81 -ц. 274 п.н.е. |
Арсиноја II | Жена на Птоломеј II | 277-270 п.н.е. |
Птоломеј III Евергет I | - | 246–222 п.н.е. |
Берника II | Жена на Птоломеј III | 244/3-222 п.н.е. |
Птоломеј IV Филопатор | - | 222–204 п.н.е. |
Арсиноја III | Жена на Птоломеј IV | 220-204 п.н.е. |
Птоломеј V Епифан | Востание во цел Горен Египет 207–186 п.н.е. | 204–180 п.н.е. |
Клеопатра I | Жена на Птоломеј V, корегент со Птоломеј VI за време на неговото малолетство | 193-176 п.н.е. |
Птоломеј VI Филометор | Умрел 145 п.н.е. | 180–164 п.н.е. |
Клеопатра II | Жена на Птоломеј VI | 173-164 п.н.е. |
Птоломеј VIII Евергет II | Прогласен за крал од страна на александријците ви 170 п.н.е.; владеел заедно со Птоломеј VI Филометор и Клеопатра II од 169 до 164 п.н.е.. Умрел во 116 п.н.е. | 171–163 п.н.е. |
Птоломеј VI Филометор | Египет под власт на Птоломеј VIII 164 п.н.е.–163 п.н.е.; Птоломеј VI бил одново назначен во 163 п.н.е. | 163-145 п.н.е. |
Клеопатра II | Се омажила за Птоломеј VIII; предвела бунт против него во 131 п.н.е. и станала единствен владетел на Египет. | 163-127 п.н.е. |
Птоломеј VII Неос Филопатор | Прогласен за заеднички владетел со и од страна на негивот татко; подоцна бил регент за мајка му Клеопатра II | 144-145 п.н.е. |
Проломеј VIII Евергет II | Вратен на престолот | 145-131 п.н.е. |
Клеопатра III | Втора жена на Птоломеј VIII | 142-131 п.н.е. |
Птоломеј Мемфитис | Прогласен за крал од страна на Клеопатра II; набргу бил убиен од Птоломеј VIII | 131 п.н.е. |
Птоломеј VIII Евергет II | Вратен на престолот | 127-116 п.н.е. |
Клеопатра III | Повторно назначена со Птоломеј VIII; подоцна корегент со Птоломеј IX и X. | 127-107 п.н.е. |
Клеопатра II | Се помирила со Птоломеј VIII; владеела заедно со Клеопатра III и Птоломеј сѐ до 116. | 124-116 п.н.е. |
Птоломеј IX Сотер II | Умрел 80 п.н.е. | 116–110 п.н.е. |
Клеопатра IV | ЗА кратко била жена на Птоломеј IX, но била истисната од Клеопатра III | 116-115 п.н.е. |
Птоломеј X Александар I | Умрел 88 п.н.е. | 110–109 п.н.е. |
Птоломеј IX Сотер II | Вратен на тронот | 109–107 п.н.е. |
Птоломеј X Александар I | Вратен на тронот | 107–88 п.н.е. |
Птомолеј IX Сотер II | Повторно вратенна тронот | 88–81 п.н.е. |
Берника III | Присилена да се омажи за Штоломеј XI; убиена по негова наредба по 19 дена | 81-80 п.н.е. |
Птоломеј XI Александар II | Млад син на Птоломеј X Александар; поставен од Сула; владеел 80 дена пред да биде линчуван од граѓаните заради неговото убивање на Берника III | 80 п.н.е. |
Птоломеј XII Неос Дионис (Авлет) | Син на Птоломеј IX; умрел 51 п.н.е. | 80–58 п.н.е. |
Клеопатра V Трифена | Жена на Птоломеј XII, мајка на Берника IV | ?-57 п.н.е. |
Клеопатра VI | Ќерка на Птоломеј XII | ?-58 п.н.е. |
Берника IV | Ќерка на Птоломеј XII; присилена да се омажи со Селевк Кибиосакт, но потоа нарачала да го задават | 58–55 п.н.е. |
Птоломеј XII Неос Дионис | Вратен на тронот; владеел за кратко со неговата ќерка Клеоапатра VII пред неговата смрт | 55–51 п.н.е. |
Клеопатра VII | Владеела заедно со нејзиниот татко Птоломеј XII, нејзиниот брат Птоломеј XIII, нејзиниот брат-сопруг Птоломеј XIV и нејзиниот син Птоломеј XV; озната и само како Клеопатра | 51–30 п.н.е. |
Птоломеј XIII | Брат на Клеопатра VII | 51–47 п.н.е. |
Арсиноја IV | Соперничка на Клеопатра VII | 48-47 п.н.е. |
Птоломеј XIV | Помлад брат на Клеопатра VII and и Птоломеј XIII | 47–44 п.н.е. |
Птоломеј XV Цезарион | Син на Клеопатра VII; прогласен за владетел заедно со неа на 3 годишна возраст | 44–30 п.н.е. |
[уреди] Рим
Клеопатра VII била во љубовна врска со римскиот диктатор Јулуј Цезар, и рисмкиот генерал Марко Антониј, но само по нејзината мсрт во 30 п.н.е. (по поразот на Марко Антониј од страна на Август, подоцна цар Октавијан Август) Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Сите понатамошни рисмки владетели ја носеле титулата „Фараон“, но само додека се во Египет.
[уреди] Наводи
- Sir Alan Gardiner Egyptian Grammar: Being an Introduction to the Study of Hieroglyphs, Трето преработено издание. Лондон: Oxford University Press, 1964. Excursus A, стр. 71-76.
[уреди] Видете исто така
- Вообичаена египетска хронологија
- Египетска хронологија
- Историја на Египет
- Најголемите фараони
[уреди] Надворешни врски
- Кралска египетска генеалогија (англиски)