Близок Исток
Од Википедија, слободна енциклопедија
Близок Исток е поим кој често се користи од археолозите, географите и историчарите, и поретко од новинарите и коментаторите, со цел да сепосочи регионот кој ја опфаќа Анадолија (модерна Турција), Левантот (модерен Израел, Јордан, Сирија и Либан), и Месопотамија (модерен Ирак и источна Сирија). Алтернативниот поим Среден Исток — префериран во некои политички и економски контексти — не се користи од блискоисточните археолози и историчари. Алтернативен не-евроцентричен поим во скорешните години е 'Југозападна Азија', иако овој поим сеуште нема постигнато поширока распространетост.
Египет, иако дел од Африка, често се смета за дел од регионот на Блискиот Исток. Неговото вклучување се должи на суштинските врски кои ги имал со другите блискоисточни држави низ античките, средновековните и модерните времиња.
Во Европа, „Близок Исток“ е претпочитаниот поим поради очигледната географска близина.
[уреди] Видете исто така
- Среден Исток
- Југозападна Азија
- Антички Близок Исток
- Далечен Исток
- Ориент
Африка | Западна · Источна · Јужна · Северна · Централна | ||
---|---|---|---|
Америка | Јужна · Кариби · Латинска · Присеверна · Северна · Централна | ||
Азија | Западна · Источна · Југоисточна · Јужна · Северна · Централна | ||
Европа | Западна · Источна · Јужна · Северна · Централна | ||
Океанија | Австралазија · Меланезија · Микронезија · Полинезија | ||
|
|||
Поларни | Антарктик · Арктик | ||
Океани | Атлантски · Индиски · Јужен · Северен · Тихи |