Македонски фолклорни инструменти
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонските фолклорни инструменти генерално се делат во следниве групи: традиционални и ориентални инструменти.
Содржина |
[уреди] Традиционални и ориентални
Гајдата, кавалот, шупелката, дудукот, зурлата, двојанката, разните видови на тамбури, тапанот и дајрето се сметаат за традиционални инструменти. Со мали варијации, грнетата, ќемането, удот, лејтата, канонот, тарабуката или дајрето се сметаат за ориентални инструменти и обично се составен дел од ансамблите во ориентален стил наречени чалгии.
Традиционалните инструменти се употребуваат во различни комбинации:
- Зурлата/тапанот можат да се слушнат на свадби и други слави каде се свири народна музика.
- Гајдата е фундаментален составен дел од македонската музичка култура, особено по селата. Обично се свири со пар кавали, тамбура и некои ударни инстсрументи (тапанче/дајре/тарабука).
- Тарабуката исто така се смета за традиционален инструмент, иако истата била донесена во Македонија во 15-тиот и 16-тиот век од турците.
[уреди] Чалгија
Интересен жанр на македонската народна музика е чалгијата. Во Македонија, чалгија значи ансамбл составен од свирачи на инструменти од персиско-арапско потекло. Чалгијата е типична „староградска музика“, која веќе долго се негува во многу градови, особено во Велес, Охрид, Битола и Солун и со себе носи силни ориентални влијанија како што може да се забележи по стилот на изведба. Меѓутоа, со време, македонската чалгија се здобила со специфичен тонален дијалект и израз. Чалгии се свират на свадби, верски празници (Божиќ, Велигден и др.), обреди, панаѓури и тн.
[уреди] Некои македонски народни инструменти
[уреди] Дувачки
[уреди] Ударни
[уреди] Жичени
- ќемане
- тамбура
- уд