Механика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Механиката е наука која го изучува најпростиот облик на движење на материјата, кој се состои во поместување на телата или нивни делови едно во однос на друго. Основните закони или принципи на механиката, која денес ја нарекуваме класична, се формулирани уште од Њутн во 1687 година. Тие принципи имаат свои граници на применливост определени од релативистичката и квантната механика каде Њутновата механика се јавува како граничен случај. Поточно, релативистичката механика преминува во класична во случај на движења со брзини многу помали од брзината на светлината. Кратко речено, Њутновата механика ги опишува бавните движења на макроскопските тела.
Во зависност од природата на телата чие движење се изучува, механиката се дели на механика на материјална точка, механика на тврдо тело и механика на флуиди (хидро и аеромеханика).
Во зависност од природата на задачите кои се разгледуваат, секоја од претходните области се дели на кинематика, која го изучува поместувањето во зависност од времето, динамика, која го зема предвид и дејството на телата едно на друго од кое произлегува промената на нивната состојба на движење и статика, која ги изучува телата во состојба на мирување.
Механичкото движење, пак, се дели на транслаторно и вртливо.
![]() |
Ова е недовршена статија за наука. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |