Квантна механика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Квантна механика е една од помладите гранки на физиката и истата се бави со проучување на механиката во рамките на микродимензии (т.е. движење на атомски и субатомски честици), интеракции и размена на енергија помеѓу нив.
Класичната физика е неточна теорија, меѓутоа дава одлични резултати ако се користи вон рамките на микросветот и за брзини неспоредливо помали од брзината на светлината. Ако се излезе вон рамките на класичната физика (физиката развиена од страна на Галилео Галилеј, Исак Њутн и други научници), таа дава неточни резултати и практично е бескорисна. Затоа, наместо неа се користи квантната механика (во микросветот) и релативитистичката физика (за брзини од ред на светлосната).
Важни концепти во квантната механика се:
- Дискретизација на енергијата
- Браново-честична дуална природа на материјата
- Тунелски ефект
- Хајзенбергов принцип на неодреденост
- Шредингерова равенка
- Бранова функција и нејзина интерпретација
- Апроксимативно решавање на Шредингеровата равенка
- WBK метод
- Теорија на пертурбации
- Спин