Митоза
Од Википедија, слободна енциклопедија
Името митоза често се употребува како синоним за клеточната делба, меѓутоа, митозата е само делба на јадрото. Митозата, главно, се врши во телесните (соматски) клетки. Во оваа делба, јасно е видлива кончестата структура на хромозомите (од каде доаѓа и името на оваа делба, на грчки mitos значи конец). Биолошката смисла на митозата се состои во рамномерната распределба на наследниот материјал, што се содржи во хромозомите на двете новодобиени со митоза јадра. Митозата може да се смета и како и крајна видлива фаза на делење на реплицираните хромозоми.
Митозата претставува еден динамичен и континуиран краткотраен процес. Меѓутоа, за полесно објаснување на истиот, оваа делба е поделена на неколку фази, и тоа профаза, метафаза, анафаза и телофаза.